Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Го прикажувале како искористено масло од БиХ – измама со биодизел тешка 60 милиони евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Го прикажувале како искористено масло од БиХ – измама со биодизел тешка 60 милиони евра
СВЕТ

Го прикажувале како искористено масло од БиХ – измама со биодизел тешка 60 милиони евра

Објавено February 20, 2025 11:04
Сподели
Сподели

Канцеларијата на Европскиот јавен обвинител (EPPO) уапси двајца осомничени за царинска измама поврзана со увоз на биодизел, со што буџетот на ЕУ бил оштетен за над 60 милиони евра.

Според истрагата, осомничените увезувале биодизел од САД во Европската Унија, но лажно го прикажувале неговото потекло.

Тие биле во притвор во Белгија од мај 2024 година, а неодамна биле екстрадирани во Холандија, каде што ротердамскиот суд им одреди истражен притвор.

Осомничените се товарат дека организирале криминална шема во која американски биодизел бил претставуван како производ од Мароко, а во друга измама – како биодизел од искористено масло за јадење од Босна и Херцеговина. Во реалноста, станувало збор за поевтин биодизел од соја (SME), со што се избегнувале антидампинг давачки наметнати од ЕУ.

Истрагата започнала по пријава од Европската канцеларија за борба против измами (OLAF) и ја водат холандските финансиски власти. Само во Холандија, штетата се проценува на 49 милиони евра, а истрагата во Белгија сè уште трае.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ќе се гради 7-катница на местото на некогашната сендвичара „Кинг бургер“ во центарот на Скопје
Следна Статија (Видео) Хамас предаде четири ковчези со тела: меѓу нив и телото на најмалиот заложник, неговиот брат и мајка му

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Црн чад од Сикстинската капела: Конклавата не избра папа при првото гласање

Црн чад се издигна од оџакот на Сикстинската капела, сигнализирајќи дека првото гласање на кардиналите, собрани во конклава за избор…

May 7, 2025
СВЕТ

(Видео) Мексикански нарко-картели го нападнаа ранчот на Ел Чапо со дронови

Гувернерот на северозападната мексиканска држава Синалоа, потресена од конфликт меѓу нарко-картелите, изјави дека родниот град на мексиканскиот нарко-бос Хоакин „Ел…

October 29, 2025
СВЕТ

Во Германија викендот се очекуваат над 41 степен

Германија се соочува со врвот на топлотниот бран, а метеоролозите за денеска прогнозираат температури до 39 степени Целзиусови, додека за…

June 26, 2026
СВЕТ

Канадската царина драстично ја намали цената на кинескиот електричен SUV

Луксузен електричен SUV со висока технологија наскоро ќе стане значително поевтин за канадските купувачи

January 20, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?