Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: АХВ: Граѓаните од поплавените региони да внимаваат со храната и водата за пиење
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > АХВ: Граѓаните од поплавените региони да внимаваат со храната и водата за пиење
МАКЕДОНИЈА

АХВ: Граѓаните од поплавените региони да внимаваат со храната и водата за пиење

Објавено November 22, 2025 11:29
Сподели
Сподели

Агенцијата за храна и ветеринарство издаде препораки и упати апел до населението во регионите каде има поплавување да води сметка за безбедноста на храната, водата за пиење и за здравствената состојба и благосостојбата на животните.

Од АХВ укажуваат граѓаните преку медиумите да ги следат информациите за временската прогноза, состојбата со водотеците во земјава, состојбата со водоснабдувањето и безбедноста на водата за пиење.

– Доколку во регионите каде веќе има излевање на реките и поплавување на домовите и земјоделските површини и водоснабдувањето се врши од индивидуални водоводни објекти, ако има видливо заматување на водата, истата да не се користи за пиење и за готвење, се до санирање на состојбата и до добивање на лабораториска потврда дека водата е безбедна. Редовно да се одржува хигиената на рацете, пред се по контактот со водата од поплавата или со предметите кои биле поплавени, по чистењето и пред подготовка на храна. Да се внимава и се заштити готовата храна за да не дојде во контакт со водата од поплавата или со отпадните води, с евели во соопштението.

Агенцијата препорачува во домаќинствата кои се поплавени, храната која била во контакт со водата од поплавата, во поплавени фрижидери, замрзнувачи или подруми, да не се користи за исхрана, односно, да се фрли. Храната да се подготвува со безбедна вода и задолжително термички да се обработи на температура повисока од 70 степени Целзиусови. Овошјето и зеленчукот кое обично се користи свежо, дополнително да се измие, да се исчисти, повторно да се измие и термички да се обработи.

Доколку во домаќинствата кои се поплавени има мали деца, се препорачува тие да се хранат со индустриски подготвена храна.

Дополнително, дадени се препораки и за грижата за домашните миленици.

– Без разлика дали се работи за домашен миленик или за домашни животни, сопствениците и одгледувачите имаат должност да бидат подготвени и во случај на поплавување да водат сметка за заштитата и благосостојбата на животните. Основна обврска е тие на животните да им обезбедат соодветна храна, вода и засолниште на безбедна локација. Доколку во краток рок е потребно да се напушти местото на живеење, а не е можно да се понесат животните со себе, животните треба да се префрлат на безбедно место. Ако се во штала и се држат врзани, животните треба да се одврзат и доколку постои можност, да се дислоцираат на повисоко место каде ризикот од поплавување е помал, информира АХв и укажува дека на безбедно, суво место, треба да се префрли и храната за животните, а потребно е за нив да се обезбеди и свежа вода. Одгледувачите на добиток треба да бидат во контакт со надлежниот ветеринар за давање совети, инструкции, а по потреба и за давање на ветеринарно медицинска грижа за животните.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Поплавени 50 домови во Ресен, под вода земјоделски површини и во Демир Хисар, во Прилеп паднал таван од куќа
Следна Статија Техничка resilience: Cloudflare предизвикот што го освести светот на дигиталната безбедност

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мисајловски: Зголемуваме инвестиции во одбраната, модернизација на Армијата и јакнење на капацитетите за кризи, ризици и сајбер-безбедност

Министерот за одбрана Владо Мисајловски, денеска (29 септември) присуствуваше се обрати на состанокот на Работниот комитет за спроведување на Националната…

September 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сведоштво на мајка на жртва од „Пулс“: Монструмот Деко се криел во скривница во објектот, а нашите деца умирале

Васка Стојанова, мајка на загинатиот Томче, обвини дека Деко (газдата на „Пулс“ н.з.) ги оставил децата на милост и немилост…

June 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Николоски: ДУИ на власт ги интересираше само полнење на нивниот џеб, а сега гледаме глумат спасители на Албанците

На гостувањето во „Само интервју’’ на Канал 5 телевизија, министерот за транспорт и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, говореше за…

December 12, 2024
МАКЕДОНИЈА

Владината делегација предводена од премиерот Мицкоски пристигна во Унгарија

Владина делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски пристигна во Будимпешта каде ќе учествува на унгарско-македонскиот владин самит што денеска и…

March 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?