Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Градежен хаос во Дебар Маало – „Шанса за Центар“ обвинува за прекршување на права и загрозување на безбедноста
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Градежен хаос во Дебар Маало – „Шанса за Центар“ обвинува за прекршување на права и загрозување на безбедноста
МАКЕДОНИЈА

Градежен хаос во Дебар Маало – „Шанса за Центар“ обвинува за прекршување на права и загрозување на безбедноста

Објавено July 23, 2025 09:46
Сподели
Сподели

Иницијативата „Шанса за Центар“ алармира за хаотична и контроверзна градба што се изведува во срцето на Дебар Маало, во непосредна близина на детска градинка. Во објава на социјалните мрежи тие остро реагираат дека проектот се спроведува без почитување на соседското право, безбедносните стандарди, но и мирот на жителите и децата.

„Вака се гради во Дебар Маало! Без усул ни за соседското право, или безбедноста, спокојот на жителите или на децата од градинката,“ пишува иницијативата, објавувајќи и фотографии од теренот. Тие тврдат дека изградбата се одвива врз основа на стар Детален урбанистички план (ДУП) од 2012 година, кој, иако застарен, сѐ уште е на сила и се користи како основа за вакви проекти.

„Ова е сѐ за што локалните власти, управувани од партиите, велат дека е по дозвола, по план од 2012, одобрено од инспектори и служби. Вака изгледа кога после 15 години се спроведуваат погрешни планови,“ се наведува во реакцијата.

Особено внимание предизвикува нивната иронична забелешка: „Устав се менува, ама ДУП никако“, со што го критикуваат отсуството на иницијатива за ревизија на урбанистичките планови кои, според нив, повеќе им служат на интересите на градежниот бизнис отколку на интересите на граѓаните.

Од надлежните институции засега нема официјална реакција по обвинувањата. Жителите на Дебар Маало со години бараат одржливо и транспарентно урбанистичко планирање кое нема да го загрозува квалитетот на нивниот живот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ливерпул подготвува уште еден сензационален трансфер
Следна Статија Џенифер Лопез симулира порно движења на настап (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Камбовски: Националниот идентитет и јазикот не може да бидат предмет на билатерални спорови

Прашањата поврзани со идентитетот, дури и таму каде што има билатерални спорови, да не се подигнуваат на рамниште на вето…

September 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Од Бигорски манастир објаснуваат зошто паричката се става во василопита на Св. Василиј

Историјата на „василопитата“ е еден настан, кој се случи во IV век во градот Кесарија Кападокиска, во Мала Азија. Во…

January 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Адвокатката Јошевска вели: Јованов добил казна според европски стандард

Адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска од Скопје излезе со став за пресудата за младиот возач Васил Јованов, кој смртно ја прегази младата…

May 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ФОТО) Се развеаја знамињата, ечи македонска песна: Коњаниците пристигнаа во Ѓорче Петров

Се развеаја знамињата, ечи македонска песна. Коњаниците пристигнаа во скопско Ѓорче Петров. Започна маршот на здружената Коњаница „Бигорски Манастир Патот…

July 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?