Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ФОТО) Се развеаја знамињата, ечи македонска песна: Коњаниците пристигнаа во Ѓорче Петров
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > (ФОТО) Се развеаја знамињата, ечи македонска песна: Коњаниците пристигнаа во Ѓорче Петров
МАКЕДОНИЈА

(ФОТО) Се развеаја знамињата, ечи македонска песна: Коњаниците пристигнаа во Ѓорче Петров

Објавено July 25, 2025 19:26
Сподели
Сподели

Се развеаја знамињата, ечи македонска песна. Коњаниците пристигнаа во скопско Ѓорче Петров.

Започна маршот на здружената Коњаница „Бигорски Манастир Патот на Црешовото Топче“.

Традиционалниот хепенинг ќе се оддржи во паркот во Ѓорче Петров во 18:30 часот, каде со пригодни обраќања за подршка на современите Илинденци ќе настапат организаторите, пратеници и градоначалници.

Предвидена е и соодветна музичка програма и настап на македонски фолклорни друштва, пејачи и ди-џеи.

Маршот на коњаницата се одвива традиционално по 16-ти пат, прв пат се одржа 2010 година како иницијатива на група граѓани ентузијасти и поддржувачи на револуционерното минато.

Здружената Коњаница „Бигорски Манастир Патот на Црешовото Топче“ ја сочинуваат коњаници од Гостиварско, Скопје, „Илинден“ с. Радово-Струмица, „Костурска чета“ – Битола, коњаници од Крушево, Демир Хисар, Кавадарци, Кичево и Штип.

2025 година по 16-ти пат коњаниците тргаат за Крушево, светилникот на македонскиот непокор, каде на 2 август 2025 година во рамките на свечeностите на Мечкин Камен по повод „10 дена Крушевска Република“, ќе оддадат должна почит на македонските херои паднати за слободата на Македонија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кадиров хоспитализиран откако беше спасен од давење во Бодрум
Следна Статија На Табановце се чека 40, а на Богородица 20 минути

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

На 26 октомври, в недела, ќе почне зимското сметање на времето

Летното сметање на времето ќе заврши в недела, 26 октомври 2025 година. Тоа значи дека во 3 часот по полноќ…

October 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Николоски на средба со Костис Казидакис

Министерот за транспорт Александар Николоски денеска во Атина оствари работна средба со вицепремиерот на Владата на Грција, Костис Казидакис, соопштија…

September 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

ОЈО ГОКК: Сите осомничени во предметот за ФФМ се обезбедени

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) денеска информира дека се обезбедени сите пет лица кои…

June 22, 2026
МАКЕДОНИЈА

Филипче: Со тешко срце ја примив веста за страшната трагедија во Кочани, како лекар, стојам на располагање за секој вид помош што можам да ја дадам во оваа тешка ситуација

Со тешко срце ја примив веста за страшната трагедија во Кочани. Ова е црн ден за Македонија. Загубата на толку…

March 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?