Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Градоначалникот на Дојран демантира дека има помор на рибата и бела пена на брегот на Дојранското Езеро
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Градоначалникот на Дојран демантира дека има помор на рибата и бела пена на брегот на Дојранското Езеро
МАКЕДОНИЈА

Градоначалникот на Дојран демантира дека има помор на рибата и бела пена на брегот на Дојранското Езеро

Објавено April 10, 2025 21:14
Сподели
Сподели

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, ги демантира вчерашните информации дека на брегот на Езерото, на потегот од Нов до Стар Дојран, се појавила бела пена, мртви риби и ракови. Според него, не станува збор за некаков еколошки инцидент, туку секоја година, пред почетокот на сезоната, се појавуваат такви дезинформации за да му се наштети на Дојран.

-Во овој период рибата се мрести и примероци од неа, кои не можат да се измрестат, едоноставно угинуваат, односно пукаат, бидејќи не можат да ја исфрлат икрата. Квалитетот на водата постојано се испитува и е со добар квалитет, а со изградбата на Пречистителната станица, која набргу ќе ја пуштиме во употреба, квалитетот на водата во Езерото ќе биде уште подобар, изјави за МИА Ангов.

Според жители на Дојран, кои се занимаваат со риболов, угинатата риба е од видот караш и тоа се случува секоја година примероци од неа да завршат на брегот заради немоќност да ја исфрлат икрата, заради повреди нанесени од птици или пак од раните кои една со други си ги нанесуваат во фазата на мрестот. Додаваат дека тоа не се случува со другите видови риба, туку само со карашот, кој не е автохтон за Дојранското Езеро, додека за појавата на бела пена на брегот велат дека таа се создава од брановите.

Инаку, последните денови нивото на водата на Езерото постајано се зголемува заради полнењето по природен пат и од Хидросистемот „Ѓавато“. Според вчерашните мерења на УХМР нивото на водата е 52 сантиметри под договорениот минумум, што во споредба со декември лани е за 17 сантиметри повеќе.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Протест на „Кој е следен?“: Повикуваме на будење и промени за подобри денови
Следна Статија Морган Фримен открива зошто секогаш носи две златни обетки, причината е мрачна

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Вонреден инспекциски надзор на депонијата „Дрисла“

Во доцните попладневни часови, околу 15:15 часот, државниот Инспекторат за животна средина изврши вонреден инспекциски надзор поради пожар кој избувна…

September 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Филипче од Крушево: Илинден е нашиот темел – заедно да ја продолжиме борбата за Македонија!

Го честитам празникот Илинден од историското и храбро Крушево, од каде што тргна револуцијата, од каде што тргна големата борба,…

August 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

ДИК: Одобрени акредитации за 591 странски и 658 домашни набљудувачи

Државната изборна комисија (ДИК) досега одобрила барања за акредитации за 591 странски и 658 домашни набљудувачи за локалните избори закажани…

October 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Казнена струмичка кланица: Испуштала крв во река

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), утрово спроведоа вонреден инспекциски надзор по вчера вечер објавената информација на…

April 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?