Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Казнена струмичка кланица: Испуштала крв во река
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Казнена струмичка кланица: Испуштала крв во река
МАКЕДОНИЈА

Казнена струмичка кланица: Испуштала крв во река

Објавено April 10, 2025 17:43
Сподели
Сподели

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), утрово спроведоа вонреден инспекциски надзор по вчера вечер објавената информација на социјалната мрежа ФБ дека струмичка кланица, преку цевка, директно испушта крв во река. Со надзорот утврдено е дека операторот постапува спротивно на законските одредби за нештетно отстранување на нус производи (член 18 од Законот за нус производи од животинско потекло – Сл. весник на РСМ бр. 08-3248/1 од 14 јуни 2023
година).

За сторен прекршок – нештетно отстранување и употреба на Категорија 3 материјал – нуспроизводи од животинско потекло и производи добиени од нив, согласно категоризацијата на нус производите од животинско потекло (член 11 и 14 од Законот), операторот е казнет со парична казна од 2 илјади евра во денарска противвредност, а одговорното лице во правното лице со 400 евра во денарска противвредност. Наредено е доследно спроведување на законските процедури за отстранување на нус производи од животинско потекло од категорија 3 (крв од животни заклани во кланица кои не покажуваат знаци на болест).

Крвта како нус производ од колењето животни ( нус производ од категорија 3), согласно законските и подзаконските акти кои ја уредуваат оваа материја, треба да се отстрануваат со претходно одвојување и собирање во посебно место.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ДУИ бара да се повлече одлуката за назначувањето на Богојески
Следна Статија Сите основни училишта ќе добијат примерок од македонскиот Правопис

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Оваа година ќе биде година на напредок

„Би сакал да ја искористам оваа можност и на сите православни христијани да им го честитам Христовото раѓање, изјави претседателот…

January 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сомнежи за шпионажа во Кабинетот на претседателката: Обвинителството чека докази од МВР

Обвинителството за организиран криминал и корупција, со месеци чека одговори од Министерството за внатрешни работи за случајот со сомнежи за…

May 20, 2026
МАКЕДОНИЈА

Среде Скопје ќе се организира протест за УЧК и Хашим Тачи, поддршка ќе даде и Ахмети

Хисни Гуцати, претседателот на Организацијата на ветерани на Ослободителната војска на Косово изјави дека следниот протест ќе се одржи во Скопје,…

November 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: На талибански начин се брише македонскиот јазик и македонскиот идентитет од извештајот на ЕП

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција во Владата одговарајќи на новинарско прашање за објавите во бугарските медиуми дека трите најголеми…

July 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?