Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ѓорѓиевски на конститутивната седница: „Време е за работа – Скопје ќе биде модерен и чист град
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Ѓорѓиевски на конститутивната седница: „Време е за работа – Скопје ќе биде модерен и чист град
МАКЕДОНИЈА

Ѓорѓиевски на конститутивната седница: „Време е за работа – Скопје ќе биде модерен и чист град

Објавено November 7, 2025 11:58
Сподели
Сподели

На конститутивната седница на Советот на Град Скопје, новиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски упати порака за единство, одговорност и приоритети насочени кон граѓаните. Тој истакна дека новиот состав на Советот има историска улога – да го води главниот град кон стабилен и одржлив развој.

„Оваа седница е јасен знак дека демократските процеси се живи. Граѓаните ни ја дадоа довербата да работиме за нив, а не да експериментираме. Време е за работа, и тоа веднаш“, изјави Ѓорѓиевски.

Како приоритети на неговиот четиригодишен мандат, градоначалникот најави: модернизација на јавниот превоз, инвестиции во нови автобуси и подобрување на сообраќајната сигнализација. Тој посочи дека од првиот ден започнало интензивно чистење на градот, кое ќе продолжи како секојдневна обврска, а не само како краткорочна акција.

„Завршува времето кога Скопје беше град на депонијата. Чистиот воздух и уредените зелени површини се темелот на здрав град. Она што вчера го започнавме не е маркетинг – тоа е наша обврска“, додаде тој.

Ѓорѓиевски најави и строга контрола врз урбанистичкото планирање, со посебен акцент на заштита на јавниот простор, како и зголемена поддршка за младите преку проекти во култура, спорт и иновации.

Посебен акцент градоначалникот стави и на транспарентноста: „Скопје ќе биде отворен град. Секој денар од буџетот мора да биде видлив и оправдан.“

На крајот, тој повика на меѓусебна соработка во Советот, независно од политичките разлики, со цел носење одлуки во интерес на скопјани.

„Верувам дека заедно можеме да изградиме модерен, чист и достоинствен главен град – Скопје какво што сите го заслужуваме“, порача Ѓорѓиевски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Украина изрече прва доживотна казна затвор за руски војник кој извршил егзекуција на воен заробеник
Следна Статија Кошта и Кос го подржаа потпишувањето на Договорот за Коридорот 8 помеѓу Македонија и Бугарија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Забрана за тешки товарни возила на Стража и патниот правец Маврово-Дебар

Поради врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку…

April 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Одлуката за штрајк е ставена во мирување: Одобрени се барањата за вработување на контролори на лет

Струковиот синдикат на контролори на летање ССКЛМ ја стави во мирување одлуката за штрајк што требаше да се реализира денеска,…

July 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски ги прими семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

Во Министерството за внатрешни работи во тек е средба на семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани…

April 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Според ОН, Македонија во 2100 година ќе има 52 отсто помалку население!

Перспективи на светското население 2024“, документ на Обединетите нации, предвидува дека Македонија во 2100 година ќе има 52 проценти помалку…

March 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?