Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Градоначалникот на Истанбул осуден на една година и осум месеци затвор
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Градоначалникот на Истанбул осуден на една година и осум месеци затвор
СВЕТ

Градоначалникот на Истанбул осуден на една година и осум месеци затвор

Објавено July 16, 2025 15:43
Сподели
Сподели

Градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, е осуден на вкупно една година и осум месеци затвор во еден од случаите што се водат против него, јави турската телевизија СиЕнЕн-Турк.

Судот го прогласи Имамоглу за виновен за „јавна навреда на државен службеник при извршување на службените овластувања“ – конкретно, на обвинителот на Истанбул, Акн Гурлек – како и за „закана“. Тој доби казна од една година, пет месеци и 15 дена за навредата и уште два месеца и 15 дена за заканата. Обвинението за „поттикнување против учесници во борбата против тероризмот“ беше отфрлено.

Имамоглу, кој е еден од главните политички ривали на претседателот Реџеп Таjип Ердоган, беше уапсен на 19 март под обвиненија за корупција. Судот на 23 март ја продолжи мерката притвор, а неколку дена подоцна Градскиот совет на Истанбул го суспендираше од функцијата.

На рочиштето присуствуваа неговиот адвокат, лидерот на опозициската Републиканска народна партија (CHP), Oзгур Oзел, локални партиски функционери, пратеници и неговата сопруга.

И покрај правните проблеми, Имамоглу беше прогласен за официјален претседателски кандидат на CHP за изборите во 2028 година. Меѓутоа, анулирањето на неговата универзитетска диплома во март ја доведува во прашање неговата можност за кандидатура.

Неговото апсење предизвика масовни протести, кои се оценуваат како најголеми во Турција од 2013 година наваму.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сведочење пред американскиот Конгрес за злоупотребите на УСАИД за време на шарената револуција во Македонија
Следна Статија Меџити: Стартува операцијата за искоренување на коцкарската мафија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Пронајдени 204 тела од уривањето на авионот на Ер Индија

Индиските власти соопштија дека се пронајдени 204 тела од уривањето на патнички авион на Ер Индија што се случи кратко…

June 12, 2025
СВЕТ

Повеќе од 25.000 домаќинства во Берлин четири дена се без струја по нападот врз електричната мрежа

Напорите за враќање на електричната енергија и греењето во областите во југозападен Берлин продолжуваат четврти ден по ред откако десетици…

January 6, 2026
СВЕТ

Кина се потсмева со царините на Трамп: И капите МАГА се „Мејд ин Чајна“, поскапеа дупло

Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг, објави илустрација на социјалните мрежи во која се потсмева на ефектите…

April 10, 2025
СВЕТ

Маск: „Х“ урната поради масовен кибер напад со потекло од Украина

Американскиот милијардер кој раководи со Министерството за ефикасност на владата во САД, Илон Маск, синоќа изјави дека социјалната мрежа „Х“,…

March 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?