Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, осуден на парична казна од 10.000 евра за несоодветни директорски назначувања
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, осуден на парична казна од 10.000 евра за несоодветни директорски назначувања
ХРОНИКА

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, осуден на парична казна од 10.000 евра за несоодветни директорски назначувања

Објавено June 20, 2025 16:50
Сподели
Сподели

Основниот суд во Струга го прогласи за виновен градоначалникот Рамиз Мерко за кривичното дело „несовесно работење во службата“, поради нерегуларности при назначувањето вршители на должност директори во неколку општински основни училишта во селата Лабуништа, Радолишта и Подгорци.

Судијата Јордан Јованов, кој го водеше предметот, му изрече на Мерко парична казна од 100 дневни глоби, што во вкупен износ изнесува околу 10.000 евра. При образложувањето на пресудата, Јованов наведе дека биле земени предвид олеснителни околности – пред сè фактот дека обвинетиот досега не бил осудуван.

Според судот, Мерко постапил спротивно на Законот за основно образование при назначувањето на директорите – без јавен оглас, без исполнување на законските услови, и со повеќекратно повторување на функцијата на исто лице без потребното одобрение. Во доказната постапка беа приложени извештаи и записници од Државниот просветен инспекторат, кои укажувале на континуирани прекршувања.

„Станува збор за продолжена постапка, со повторени прекршувања во повеќе училишта и за повеќе лица. Правилата се јасни и не смеат да се заобиколуваат“, изјави судијата Јованов.

Обвинителството најави жалба на пресудата.

Против Мерко се водат уште два активни предмети за слични прекршувања, во училиштата „Браќа Миладиновци“ и во село Велешта. За последниот случај се очекува разврска следниот месец, а во друг се чека сослушување на последен сведок. Дополнително, Мерко се соочува со постапка за незаконско поставување спомен-обележје пред општинската зграда.

Пред десет дена, Судот во Струга донесе ослободителна пресуда за Мерко во друг предмет поврзан со набавка на службени возила во вредност од 114.000 евра, вклучително и луксузно „Ауди А6“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Легендата на Вардар, Иван Чупиќ нов тренер на „црвено-црните“
Следна Статија „Волстрит џурнал“: Војната против Иран го чини Израел стотици милиони долари на ден

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Од исчезнатиот стружанец кој заминал да бере печурки нема ниту трага, ниту глас

Засега е неуспешна потрагата по 60-годишниот стружанец, кој во неделата на 20 октомври бил пријавен за исчезнат. Тогаш тој заминал…

October 23, 2024
ХРОНИКА

Приведен 43-годишник, управувал возило со 3,32 промили алкохол и предизвикал сообраќајка

На 17.10.2025 во 19:20 часот, во село Пепелиште, неготинско, полициски службеници од ОВР Неготино, го лишија од слобода С.Ф.(43) од…

October 18, 2025
ХРОНИКА

За кокаин и убиства по нарачка шестмина членови на криминалната група Грчец осудени на вкупно 50 и пол години затвор

Вкупно 50 и пол години затвор добија шестмина членови на криминалната група Грчец, уапсени во јануари минатата година, од кои…

July 15, 2025
ХРОНИКА

Откриен еден од извршителите на убиство во Чашка -го намамиле да влезе во кола и му пукале во глава

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека бил…

November 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?