Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Легендата на Вардар, Иван Чупиќ нов тренер на „црвено-црните“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Легендата на Вардар, Иван Чупиќ нов тренер на „црвено-црните“
СПОРТ

Легендата на Вардар, Иван Чупиќ нов тренер на „црвено-црните“

Објавено June 20, 2025 16:43
Сподели
Сподели

Ракометарите на Вардар следната сезона ќе имаат нов тренер и тоа ќе биде поранешната легенда на оваа екипа, Иван Чупиќ.

Некогашниот хрватски репрезентативец ќе го наследи Гилјермо Милано и ќе добие можност да се врати во СЦ „Јане Сандански“, каде постигна историски резултати како член на „црвено-црните“.

Во кратката тренерска кариера Чупиќ досега го водеше матичниот клуб Метковиќ, а по искуството во хрватското првенство, сега се сели во Скопје, каде денеска беше промовиран од Вардар на официјална прес-конференција.

Милано претходно мораше да замине од клубот по разочарувачкиот финиш на сезоната и поразот од Еурофарм Пелистер во директниот дуел за титулата во македонското ракометно првенство.

Во стручниот штаб на Чупиќ ќе биде и Марио Келентриќ, кој веќе е промовиран како нов тренер на голманите.

Првиот човек на клубот, Михајло Михајловски, го претстави новиот проект кој стартува со ангажманот на Иван Чупиќ.

„Вардар минатата сезона, за жал, го освои само Купот, а во Европа буквално за влакно не ја поминавме групната фаза. Многу сум разочаран што ја загубивме титулата дома. По тој меч, цела недела не сакав да зборувам за ракомет. Го победивме Пелистер во Битола во пеколна атмосфера, потоа и во Купот лесно го победивме, а на крајот кога требаше дома да славиме, загубивме. За мене, најголем виновник за тој пораз беше тренерот, а потоа играчите. Во новата сезона целта е конечно по три години пост да ја освоиме титулата, а, секако, и Купот да го одбраниме. Во Лигата на Европа целта ќе ни биде да бидеме во топ 8“, изјави Михајло Михајловски.

„Паметите кога во 2017 година Чупиќ во последна секунда му даде гол на ПСЖ за да ја освоиме титулата. Тој уште тогаш покажуваше амбиции да биде тренер, дури и ми предложи тогаш да почне да работи како тренер кај нас. Тогаш тоа ми беше шокантно и го одбив, но сега е подготвен за оваа работа. Тој ќе биде прв тренер на Вардар во новата сезона“, најави Михајловски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Апелација им одреди ефективен притвор на ексдиректорите на Онкологија, Нино Васев и Нехад Нухи
Следна Статија Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, осуден на парична казна од 10.000 евра за несоодветни директорски назначувања

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Роналдо остави малиот фан да се слика со него во тек на натпревар (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо вчера стигна до 906 гол во кариерата и 133 во дресот на Португалија на мечот од Лигата на…

October 13, 2024
СПОРТ

Македонските одбојкари се пласираа на ЕП

Македонската одбојкарска репрезентација  во Скопје ја совлада Грузија и избори учество на Европското првенство 2026. Македонците по четврти пат во…

August 18, 2025
СПОРТ

Пипен: Јокиќ никогаш немаше да доминира во НБА во 90-тите

Освојувачот на шест НБА титули со Чикаго Булс и најдобар соиграч на Мајкл Џордан, зборуваше за Никола Јокиќ, најдобриот кошаркар…

September 28, 2025
СПОРТ

Турција ги понижи Грците и ќе игра во финалето на Евробаскет

Кошаркарската репрезентација на Турција супериорно избори место во финалето на Евробаскетот. Во второто полуфинале, Турција ја декласира Грција со 94:68…

September 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?