Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Градоначалникот на Њујорк потврди дека разгледува правни можности за апсење на Нетанјаху
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Градоначалникот на Њујорк потврди дека разгледува правни можности за апсење на Нетанјаху
СВЕТ

Градоначалникот на Њујорк потврди дека разгледува правни можности за апсење на Нетанјаху

Објавено July 18, 2026 17:30
Сподели
Сподели

Градоначалникот на Њујорк, Зоран Мамдани, изјави дека е во „активни консултации“ со Правниот оддел на градот Њујорк во врска со можноста за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Во интервју за „Њујорк тајмс“, Мамдани рече дека неговата администрација сè уште размислува дали да го уапси израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху доколку тој дојде во Њујорк на седницата на Генералното собрание на Обединетите нации во септември оваа година.

„Сметам дека на израелскиот премиер Нетанјаху му е местото во Хаг. Тој е воен злосторник против кого е покренато обвинение пред Меѓународниот кривичен суд (МКС). Ќе видите, тоа мислење го делат многумина поради последиците од неговите постапки низ годините“, рече Мамдани, додавајќи дека не е сигурен дали има правна основа да ѝ нареди на Полициската управа на Њујорк, со која раководи, да му ја одземе слободата на Нетанјаху.

Според градоначалникот на Њујорк, тој е подготвен да направи сè што е дозволено според законите во Њујорк, но не и самостојно да ги менува законите само за да го уапси Нетанјаху.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху неодамна се осврна на заканата за апсење од страна на Мамдани, велејќи дека не е загрижен и возвраќајќи дека градоначалникот на Њујорк „ја поддржува палестинската милитантна група Хамас, која контролира значителен дел од Појасот Газа“.

„Мислам дека тој треба да размисли кого осудува, а кого фали. Тој го осудува Израел, единствената демократија што стои рамо до рамо со американските вредности, а го брани Хамас, кој отворено повикува на масакр врз секој Евреин на земјата“, рече Нетанјаху.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Маж „ѕиркал“ жени во трговски центар во гардероба
Следна Статија Меси повторно на врвот во трката за најдобар стрелец на Светското првенство 2026

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(Видео) САД реагираше на испраќањето севернокорејски војници во Украина

Ако Северна Кореја испрати војници во Украина, тоа би било „опасен и загрижувачки развој на настаните“, соопштија синоќа Соединетите Американски…

October 22, 2024
СВЕТ

Трамп нареди повторно да се отвори Затворот Алкатраз, кој не работи од 1963

Американскиот претседател Доналд Трамп повика на повторно отворање на озлогласениот затвор Алкатраз. Во објава на неговата социјална мрежа Truth Social,…

May 5, 2025
СВЕТ

Смртоносна епидемија во Велика Британија: сомнежите се дека изворот е сезонско овошје

Пет лица беа хоспитализирани, а најмалку 20 се разболеа, вклучувајќи 13 мали деца, од редок вид бактерија што предизвикува дијареја,…

May 27, 2025
СВЕТ

Орбан: Унгарија нема да испраќа пари и оружје во Украина и нема да учествува во воениот заем на ЕУ

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан пред почетокот на седницата на Комитетот за европски прашања во Парламентот во Будимпешта на Фејсбук…

December 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?