Дваесетгодишна скопјанка пријавила во полиција дека непознат маж ја набљудувал додека пробувала облека во гардероба на продавница во трговски центар во скопската населба Ѓорче Петров.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот се случил на 16 јули околу 14:30 часот, а бил пријавен три часа подоцна, во 17:30 часот, во СВР Скопје.
Девојката изјавила дека додека се пресоблекувала во гардеробата, забележала маж качен на скала кој ја гледал.
Во врска со случајот, во полициска станица бил извршен службен разговор со Љ.С. (43) од Скопје.
