Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Граѓаните должат над 4,2 милијарди евра – најмногу за потрошувачки и станбени кредити
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Граѓаните должат над 4,2 милијарди евра – најмногу за потрошувачки и станбени кредити
ЕКОНОМИЈА

Граѓаните должат над 4,2 милијарди евра – најмногу за потрошувачки и станбени кредити

Објавено June 20, 2025 17:50
Сподели
Сподели

Долгот на граѓаните кон банките во мај достигнал 4,22 милијарди евра, додека вкупната задолженост на компаниите изнесува 4,06 милијарди евра. Вкупниот износ на кредити што банките го имаат одобрено на физички и правни лица достигнува 8,36 милијарди евра, покажуваат најновите податоци на Народната банка.

Истовремено, банките располагаат со вкупни депозити во износ од 9,9 милијарди евра, од кои 6,7 милијарди се депозити на граѓаните, а 2,78 милијарди евра на деловните субјекти.

На месечно ниво, кредитната активност е зголемена за 1,1 отсто, а депозитите пораснале за 1,4 отсто. На годишно ниво, растот на кредитите достигнува 12,1%, а кај депозитите е забележан пораст од 12,2%.

Граѓаните и понатаму се задолжуваат најмногу преку потрошувачки и станбени кредити, при што е забележан месечен раст од 1,2%. Годишно, потрошувачките кредити пораснале за 9,6%, а станбените за 14,4%.

Спротивно на тоа, автомобилските кредити бележат пад – за 1,6% на месечно и 0,7% на годишно ниво. Се намалува и задолжувањето по основ на кредитни картички, каде што е евидентиран пад од 0,2% месечно и 8% на годишно ниво.

Негативните салда на тековните сметки, пак, бележат месечен пораст од 4,8%, а на годишно ниво се зголемени за 2,3%.

Кредитите одобрени врз други основи се намалени за 1,5% на месечно и за 9% на годишно ниво.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Конечната пресуда за двојното убиство на Вања и Панче на 25 јуни
Следна Статија Зошто Атина? Сè што знаеме за новото поглавје во животот на Новак Ѓоковиќ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Претседателката Сиљановска Давкова ќе размислува уште два-три дена за гувернер

Претседателката Сиљановска Давкова денеска нема да го прати предлогот за нов гувернер до собранието. Таа ќе размислува уште два-три дена,…

May 19, 2025
ЕКОНОМИЈА

Граѓаните им должат на банките четири милијарди евра

Банките во државата располагаат со вкупни депозити од 570.298 милиони денари или 9,27 милијарди евра. На годишно ниво се зголемени…

December 21, 2024
ЕКОНОМИЈА

Пак иста песна – забележани маржи до 50% кај овошјето и зеленчукот

Просечната малопродажна маржа кај овошјето достигнувала 37,7 отсто, додека кај зеленчукот 48,3 проценти, утврдила анализата на Институтот за економски истражувања…

March 14, 2025
ЕКОНОМИЈА

Невработени, студенти, ученици и пензионери, ќе можат да бидат ангажирани без губење на веќе стекнати права

Се очекува формализација на 17.400 работни места со Законот за работно ангажирање на лица што стапи во сила од вчера,…

January 2, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?