Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Граѓаните најмногу земаат потрошувачки и станбени кредити
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Граѓаните најмногу земаат потрошувачки и станбени кредити
ЕКОНОМИЈА

Граѓаните најмногу земаат потрошувачки и станбени кредити

Објавено March 24, 2025 17:14
Сподели
Сподели

Во февруари е забележан раст на депозитите во банките, но има и пораст на кредитирањето. Според податоците на Народната банка, минатиот месец вкупните депозити бележат зголемување од 11,1% на годишно ниво како резултат на тоа што граѓаните повеќе депонирале пари во банките, а вкупните кредити пак, бележат раст од 11,5% исто така на годишно ниво на корпоративниот сектор.

– Месечната и годишната промена во целост се должат на зголеменото кредитирање во денари, при остварен пад на кредитите во странска валута – нагласуваат од Народната банка.

Анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, во февруари, кај потрошувачките и станбените кредити, како најзастапени категории е забележан месечен раст од 0,9% и 1,2%, соодветно, при годишен раст од 8,5% и 13,3%, соодветно.

Во февруари, автомобилските кредити се намалени за 0,8% на месечна основа, додека на годишна основа бележат зголемување од 6,5%.

Овој месец, кредитите одобрени на кредитните картички остварија месечно и годишно намалување од 1,8% и 9,0%, соодветно.

Во февруари, кај негативните салда на тековните сметки и кредитите одобрени врз други основи е забележан месечен пад од 0,9% и 1,5%, соодветно, како и годишно намалување од 5,0% и 9,5%, соодветно.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија РКЕ најавува мерки за заштита на потрошувачите
Следна Статија Притворен Данчо Масев, директорот на фудбалскиот А-тим!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Стратешкото партнерство носи бенефит за граѓаните-модернизација на железницата од Коридорот 10 и проекти во здравството

Првата причина е стратешка и политичка. Колку повеќе стратешки договори и вакви партнерства имаме со големи и значајни светски фактори,…

May 19, 2025
ЕКОНОМИЈА

Инфлацијата скокна на 5,7 отсто

Трошоците за живот во април 2026 година, во однос на април лани, бележат зголемување од 5,7 %, а цените на…

May 7, 2026
ЕКОНОМИЈА

Две третини од луѓето во ЕУ живеат во свој дом, во Македонија 87 %

Повеќе од две третини од луѓето што живеат во домаќинствата на ЕУ поседуваат свој дом, наспроти 32% кои живеат во…

February 6, 2026
ЕКОНОМИЈА

Влегува инвестиција што ќе прозведува за „Беко“, ќе отвори повеќе од 700 вработувања

Убава вест за Македонија. Во скоро време се планирани две големи инвестиции од 95 милиони евра, и две компании кои…

February 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?