Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Граѓаните ќе можат од својот дом да симнат и испечатат документи, наместо да одат на шалтер
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Граѓаните ќе можат од својот дом да симнат и испечатат документи, наместо да одат на шалтер
МАКЕДОНИЈА

Граѓаните ќе можат од својот дом да симнат и испечатат документи, наместо да одат на шалтер

Објавено June 13, 2025 13:15
Сподели
Сподели

Со гордост сакам да ви соопштам дека вчера, на Комисијата за транспорт и дигитална трансформација, 4 клучни закони кои се однесуваат на дигитализација на државните служби и услугите кон граѓаните, го поминаа првиот собраниски филтер, изјави Тони Јаревски, пратеник на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Станува збор за Законот за електронски комуникации, Законот за безбедност на мрежи и информациски системи, Законот за архивски материјал, како и Законот за електронски документи и електронска идентификација.

„Со ова, Собранието даде зелено светло за владата да ја направи најтемелната трансформација на односите, односно начинот на кој комуницираат граѓаните и државните органи. Со овие реформи, граѓаните ќе можат од својот дом да симнат и испечатат документи кои ќе имаат правна важност еднаква како оние издадени на шалтер, документи кои ќе содржат QR-код како безбедносен елемент и доказ за автентичност“, рече Јаревски.

Тој додаде дека се воспоставува и целосен инспекциски надзор над дигиталните услуги, со јасно утврдени 22 задолженија на инспекторите кои ќе дејствуваат под капата на новото Министерство за дигитализација односно за дигитална трансформација.

„Предвидените глоби за институциите што нема да ги прифатат дигиталните документи се јасен сигнал дека дигиталната реформа не е опција, туку обврска“, рече Јаревски.

Тој додаде дека ќе следи јавна расправа за овие закони со цел во овој, како што рече, сериозен државен зафат да се вклучи експертската и стручната јавност.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп го предупредува Иран да се согласи на нуклеарен договор пред „уште побрутални“ напади
Следна Статија Муцунски: Унгарија останува еден од најгласните и најпосветените поддржувачи на нашите европски аспирации

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

МВР: Граѓаните да бидат внимателни и да не отвораат сомнителни пораки

До неколку граѓани и правни лица, од страна на сторители кои лажно се претставуваат во име на МВР и ЕВРОПОЛ,…

April 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во соседните држави се транспортираат 27 повредени од пожарот во Кочани

Дваесет и седум повредени во пожарот во Кочани ќе бидат транспортирани во здравствени установи во соседните држави. Министерството за здравство…

March 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова на средба со македонистите од Полска

За време на престојот во Република Полска, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова посети една од најстарите високо-образовни институции – Јагелонскиот универзитет во…

January 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ивановска: Претседателката на ДКСК мора под итно да си поднесе оставка за да може институцијата слободно да се чисти

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) мора најитно да си поднесе оставка, затоа што на овој начин…

April 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?