Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Муцунски: Унгарија останува еден од најгласните и најпосветените поддржувачи на нашите европски аспирации
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Муцунски: Унгарија останува еден од најгласните и најпосветените поддржувачи на нашите европски аспирации
МАКЕДОНИЈА

Муцунски: Унгарија останува еден од најгласните и најпосветените поддржувачи на нашите европски аспирации

Објавено June 13, 2025 13:18
Сподели
Сподели

Договор за стратешка соработка меѓу двете влади и Меморандум за разбирање и имлементација на програмата „Стипендиум хунгарикум“ за периодот 2026 – 2028 година потпишале денеска македонскиот министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и неговиот унгарски колега Петер Сијарто, кој престојува во посета на земјава.

Како што истакна Муцунски на денешната заедничка прес-конференција со Сијарто, потпишувањето на овие документи претставува силен доказ за цврстото сојузништво меѓу двете држави.

Муцунски информира дека на денешната средба разговарале за натамошното продлабочување на политичките и економските односи, како и за континуираната поддршка од страна на Унгарија за нашите европски аспирации.

-Унгарија останува еден од најгласните и најпосветените поддржувачи на европската перспектива на целиот регион. Тоа се докажа за време на нејзиното претседавање со Советот на ЕУ. Искрено сме благодарни за таа принципиелна и искрена поддршка, особено во контекст на нашите очекувања за напредок во процесот на пристапување кон ЕУ. Во година кога светот одбележува 80 години од победата над фашизмот и 75 години од Шумановата декларација, темелот на европскиот мировен проект, ние остануваме цврсто посветени на нашата стратешка цел – полноправно членство во ЕУ со јасна и предвидлива динамика, нагласи Муцунски.

Министерот нагласи дека во делот на надворешно – трговската дејност воспоставиле продуктивна соработка со унгарското Министерство, од кое очекуваат конкретни резултати. Потсети дека Унгарија е меѓу првите десет најголеми трговски партнери на земјава и еден од водечките странски инвеститори, што, како што рече, претставува повеќе од цврста основа за натамошното економско поврзување.

-Како партнери и сојузници во НАТО продолжуваме да градиме отворена искрена и стратешки ориентирана соработка и убеден сум дека оваа позитивна динамика дополнително ќе биде афирмирана на претстојниот 76-ти Самит на НАТО, истакна Муцунски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Граѓаните ќе можат од својот дом да симнат и испечатат документи, наместо да одат на шалтер
Следна Статија Мицкоски: Од денес е пуштен во употреба патот од Охрид до Св. Наум во вредност од 11,7 милиони евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Од утре до средината на следната седмица температури и над 40 степени

Под влијание на топла воздушна маса од југ, од утре до средината на следната седмица, времето ќе биде сончево и…

July 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Муцунски: Јапонија е еден од најзначајните билатерални донатори на нашата држава

Во рамки на работната посета на Јапонија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со Шохеј…

May 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Алармантно: Прва цигара на 13 години – пушат над 40% од младите

Превенцијата во рана возраст е клучна за одбегнување на злоупотребата на штетните материи како алкохол, цигари и дрога, а образованиот…

October 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Казни за возење велосипед или преминување раскрсница со мобилен – стартуваат во петок

Според новите измени во Законот за безбедност во сообраќајот, кои стапуваат во сила на 26 септември, важат нови правила за…

September 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?