Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Гренланд треба да биде под контрола на САД“, повтори Трамп пред самитот на НАТО
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > „Гренланд треба да биде под контрола на САД“, повтори Трамп пред самитот на НАТО
СВЕТ

„Гренланд треба да биде под контрола на САД“, повтори Трамп пред самитот на НАТО

Објавено July 8, 2026 15:36
Сподели
Сподели

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера повторно ја оживеа својата иницијатива САД да го преземат Гренланд, заканувајќи се дека ќе ги повлече сите американски вооружени сили од Европа, објави „Гардијан“.

Пристигнувајќи на самитот на НАТО во Анкара, Трамп исто така изјави дека неговата посветеност на одбраната на Европа била намалена поради политичките одлуки на европските лидери за имиграцијата и за енергетиката.

Осврнувајќи се повторно на претходниот спор, Трамп изјави дека несогласувањето околу сопственоста на Гренланд – кој е дел од Данска, земја членка на НАТО – го „повредило“ неговиот однос со воениот сојуз.

„Данска не троши пари за вистински да му помогне на Гренланд, но тоа е важен дел за САД и е опкружен со кинески и со руски бродови… Треба да биде под контрола на САД, а не на Данска. А тие не се согласија со тоа, и покрај сите пари што ги трошиме за да им помогнеме со Русија. Не мора да трошиме никакви пари; можеме да ги повлечеме сите наши војници од Европа бидејќи, како што веројатно забележавте, Европа е многу поинакво место отколку пред 20 години. Треба да бидат внимателни со имиграцијата и енергијата. Ако не внимаваат на тие две работи, повеќе нема да има Европа“, рече тој.

Како одговор, британската министерка за финансии, Рејчел Ривс, нагласи дека иднината на Гренланд „зависи од народот на Гренланд и од Данска, а не од американскиот претседател“.

Данската премиерка, Мете Фредериксен, цврсто се спротивстави на изјавата на Трамп, велејќи дека островот „не е на продажба“.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Повеќето јагоди во Европа содржат пестициди, покажа истражувањето
Следна Статија Спремете пари за казна, ако околу езерото Комо се шетате без маица или со костим за капење

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Таткото на Американката која заработи над 40 милиони долари на „Тик-ток“: Ова ќе биде огромен удар за многу бизниси

На Американците од денеска им е забрането да користат „Тик-ток“, што претставува голем проблем за инфлуенсерите кои ја започнале својата…

January 19, 2025
СВЕТ

(Видео) Трамп и Меланија се заглавија на ескалаторот, па „идиотот“ се расипа пред Генералното собрание на ОН

Доналд Трамп стана вирален на социјалните мрежи пред Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк. Пред да влезат во салата,…

September 24, 2025
СВЕТ

Украинците ги соопштија трите главни руски услови за мир

Руските преговарачи на мировните преговори во Истанбул побараа, пред да се согласат на прекин на огнот, Украина да ги повлече…

May 17, 2025
СВЕТ

Земјотресот во Мјанмар ослободи енергија еднаква на 334 атомски бомби

Земјотресот со интензитет од 7,7 степени според Рихтеровата скала што вчера го погоди Мјанмар ослободи енергија еднаква на 334 атомски…

March 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?