Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Спремете пари за казна, ако околу езерото Комо се шетате без маица или со костим за капење
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Traveler > Спремете пари за казна, ако околу езерото Комо се шетате без маица или со костим за капење
Traveler

Спремете пари за казна, ако околу езерото Комо се шетате без маица или со костим за капење

Објавено July 8, 2026 15:56
Сподели
Сподели

Селото Варена во Италија воведува казни од 50 до 200 евра за туристите кои се движат без маица или во костими за капење. Целта на ваквата одлука е да се намалат негативните последици од масовниот туризам, а со тоа да се зачува угледот и мирот на ова историско место.
Според статистиката на локалната власт, постојаниот пораст на туристи сè повеќе влијае врз секојдневниот живот на мештаните. Со воведување на новите мерки надлежните сакаат да ја одржат рамнотежата меѓу туристите и квалитетот на живот на локалното население во текот на летната сезона.

The Beauty of Varenna😍

A picturesque town on the eastern shore of Lake Como in Italy. It is known for its narrow cobblestone streets, colorful houses in pastel hues, picturesque waterfront, and breathtaking views of the lake and mountains. pic.twitter.com/9JQwQJen80

— Wonderful World (@wond_world) July 5, 2026


„Одењето низ улиците на селото без маица или во костим за капење повеќе не е дозволено. Исклучок се плажите покрај езерото и престојот на бродови за време на пловидба по езерото Комо. Туристите кои ќе ги прекршат правилата би можеле да платат оштета од 50 до 200 евра“, се наведува во соопштението на Општината. Воедно, се воведуваат ограничувања и за организираните туристички групи. Тие не смеат да бројат повеќе од 25 лица, а туристичките водичи немаат право да користат разгласи. Целта на овие мерки е да се намали притисокот врз тесните калдрми на Варена, како и да се ограничи бучавата во историскиот центар на селото, велат надлежните.

– Селото и понатаму останува отворено за посетители од цел свет, но развојот на туризмот не смее да биде на штета на жителите, изјави Мауро Манцони, градоначалник на Варена. Варена е прекрасно село и горди сме што секоја година пречекуваме стотици илјади посетители од целиот свет. Но, квалитетот на живот на селаните не смее да биде жртвуван поради масовната посетеност, додаде Манцони.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Гренланд треба да биде под контрола на САД“, повтори Трамп пред самитот на НАТО
Следна Статија Не е само Македонија: Вето од Бугарија и за Србија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Traveler

Целосно затемнување на Месечината на 7 септември

Љубители на небесните спектакли, подгответе се! Оваа недела, 7 септември, на небото нè очекува второто целосно затемнување на Месечината за…

September 6, 2025
Traveler

Пет најдобри плажи за летување со деца во Грција

Порталот Грчко катче, основан од три Србинки омажени и преселени во Грција, споделува кои се нивните препораки за семејствата со…

June 6, 2026
ЕКОНОМИЈА

Првите полски туристи слетаа на аеродромот во Охрид, почнуваат две нови авиолинии од Вроцлав и Катовице

Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид денеска ги пречека првите 239 патници од Вроцлав, Полска, кои пристигнаа со новата авиолинија…

June 7, 2026
ЕКОНОМИЈА

Казнети ССК и четири фирми за картелско здружување

Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) донесе решение со кое утврди дека четири трговски…

November 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?