Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Грета Тунберг ќе се приклучи на утрешниот протест за спас на реката Дошница на Кожуф
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Грета Тунберг ќе се приклучи на утрешниот протест за спас на реката Дошница на Кожуф
МАКЕДОНИЈА

Грета Тунберг ќе се приклучи на утрешниот протест за спас на реката Дошница на Кожуф

Објавено July 25, 2025 19:58
Сподели
Сподели

Шведската активистка за животна средина и климатски промени Грета Тунберг веќе втор ден престојува во земјата. Таа вчера го посети Општествено-културниот центар во Тетово, што служи како инклузивен простор за младински иницијативи.

Преку социјалната мрежа Инстаграм таа потврди дека денеска се наоѓа во Скопје.

Во видео-обраќањето рече дека ќе се приклучи на дискусијата што вечерва треба да се одржи во Социјалниот центар „Дуња“ во Скопје, именувана како „Стоп за воената машинерија: Борбата против империјализмот и капиталистичките војни“.

Веднаш потоа, додаде и дека ќе учествува на утрешна протестна блокада за спас на реката Дошница на Кожуф

На почетокот на обраќањето рече дека она што се случува во Газа не е изолирано од климатската криза. Според неа, тоа е истиот насилен систем изграден врз екплоатација, окупација и профит над животот.

Потоа кажа дека се наоѓа во Скопје, а дека вчера македонскиот парламент гласаше против хуманитарна помош во Газа.

„Мора да застенеме солидарно, да се поврземе и да се спротивставиме заедно“,кажа таа.

Обраќањето го заврши со најавата дека денеска ќе се приклучи на дискусија во Социјалниот центар „Дуња“ во Скопје, а утре на протестната блокада за спас на реката Дошница.

Активисти од цела држава веќе 30 дена го блокираат патот кон ски-центарот на планината Кожуф, протестирајќи против изградба на мали хидроцентрали на реката Дошница. Тие не дозволуваат да започнат градежните работи на локацијата каде е планирана мала хидроелектрана на реката Дошница. Велат дека ќе останат на терен, се додека Владата не ја укине дозволата за градење на оваа планина.

View this post on Instagram

A post shared by Гласни идеи (@glasniidei)

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Околу 3.000 даночни обврзници немаат платено данок по ДПД-ГДП за 2024
Следна Статија Кинеските брендови го освојуваат европскиот пазар со рекорден раст во 2025

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова: ЕУ немаше јасна стратегија за Балканот, а и денес преферира двојни стандарди

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова на денешната заедничка седница на Националниот совет за евроинтеграции и Комисијата за европски прашања, на која…

November 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Агелер: Нашите срца се скршени, благодарна сум на земјите од регионот за веднаш дадената помош

Нашите срца се скршени, благодарна сум на земјите од регионот за веднаш дадената помош, изјави американската амбасадорка во земјава Анџела…

March 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Еден осуденик ја чини државата околу 1000 евра, вели Пандов

Директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов вели дека еден осуденик, месечно ја чини државата околу 1.000 евра.…

October 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

В понеделник ќе биде донесена одлуката за изведувач на Универзална сала, вели Љутков

Одлуката за изведувач на Универзална сала ќе биде донесена в понеделник, но ќе мора да се почека да помине рокот…

January 30, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?