Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Грипот зема замав во Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Грипот зема замав во Македонија
ЗДРАВЈЕ

Грипот зема замав во Македонија

Објавено December 21, 2025 13:10
Сподели
Сподели

Во периодот од 8 до 14 декември, во Македонија се пријавени 126 случаи на грип и заболувања слични на грип, што е зголемување од 31,3% во однос на претходната недела. Најмногу заболени се регистрирани во Тетово (30), Куманово (20) и Македонски Брод (18), додека во Скопје се пријавени 15 случаи. Највисока инциденца од 178,0 на 100.000 жители е забележана токму во Македонски Брод.

Според старосната распределба, најзасегната е возрасната група од 15 до 64 години со 97 случаи, додека лица над 65 години се 16. Децата од 5-14 години и од 0-4 години се најмалку погодени, со 7 и 6 случаи, соодветно.

Во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), од 24 тестирани материјали детектирани се 4 позитивни случаи на грип – три Influenza A(H3) и еден Influenza A(H1)pdm09. Дополнително, еден случај на RSV тип B е регистриран, а SARS-CoV-2 не е детектиран.

Кумулативно, од почетокот на сезоната 2025/2026 година, регистрирани се 998 случаи на грип/заболувања слични на грип, што е зголемување од 51,2% во однос на истиот период минатата сезона. Најголем број заболени се пријавени во Гостивар (244) и Куманово (241), додека Македонски Брод има највисока инциденца од 583,5 на 100.000 жители.

Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје апелираат на спроведување на превентивни мерки: често миење раце, избегнување на места со голема гужва, топло облекување, внес на витамини и одмор. Доколку се разболите, важно е да останете дома, да избегнувате блиски контакти, да покривате нос и уста при кашлање и кивање и да користите заштитни маски во контакт со блиските.

Вакцинацијата против грип е најефикасна заштита од ова заболување. За сезоната 2025/2026 година, обезбедени се 80.000 бесплатни четиривалентни вакцини за ризичните групи – постари лица над 65 години, деца од 6 до 59 месеци, лица со хронични болести, бремени жени и здравствени работници. Вкупно до сега се вакцинирани 78.730 лица, со бесплатни или комерцијални вакцини.

Епидемиолошкиот надзор покажува дека грипот сè уште има спорадична активност низ земјата, а процентот на позитивност е под 10%, што значи дека сезоната на грип сè уште не е во полн интензитет. Сепак, бројот на заболени постојано расте, па здравствените власти апелираат на внимание и почитување на мерките за заштита, особено кај ризичните групи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Намалена видливост поради магла на неколку патни правци низ државава
Следна Статија Велковски: Имаме 18 000 испразнети работни места, а 32 000 семејства на социјална помош

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Германските научници пронајдоа антитело против ХИВ

Од 1981 година, кога болеста стана позната, СИДА-та одзеде 44 милиони животи низ целиот свет. Се смета за една од…

October 16, 2025
ЗДРАВЈЕ

Порано се чекаше 2 часа за до шалтер, сега е 15 минути, од 400 на 900 е зголемен бројот услужени на Институтот за клиничка биохемија

Николина Гроздановска, директорка на Институтот за Клиничка биохемија, гостуваше во поткастот ,,ВМРО-ДПМНЕ зборува“.  Гроздановска се осврна на дигитализацијата, модернизацијата на…

July 14, 2025
ЗДРАВЈЕ

Зафировски: Новиот предлог-закон за заштита од пушење е еден од најдобрите и во интерес на нашите граѓани

Новиот предлог-закон за заштита од пушење е еден од најдобрите закони што директно го засегаат здравјето на сите наши граѓани.…

February 3, 2026
ЗДРАВЈЕ

Три намирници кои имаат позитивен ефект врз функционирањето на тироидната жлезда

Тироидната жлезда е мала жлезда во облик на пеперутка, сместена на предниот дел од вратот, но нејзината улога во телото…

August 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?