Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Групација за производство на цигари: Предложениот закон сериозно ќе загрози значајни сегменти од индустријата, бизнис секторот и економијата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Групација за производство на цигари: Предложениот закон сериозно ќе загрози значајни сегменти од индустријата, бизнис секторот и економијата
ЕКОНОМИЈА

Групација за производство на цигари: Предложениот закон сериозно ќе загрози значајни сегменти од индустријата, бизнис секторот и економијата

Објавено January 22, 2026 13:13
Сподели
Сподели

Групацијата за производство на цигари, која е дел од Здружението на производители на тутун и производи од тутун во рамките на Стопанската комора на Северна Македонија, ја поздрави иницијативата на Министерството за здравство за модернизација на постојниот Закон за заштита од пушење гледајќи го како нормален чекор кон адаптирање на домашната пазарна реалност, но смета дека вака предложениот нацрт-закон ќе создаде правна неусогласеност (или ретроградност во усогласување со постојната законска регулатива), загрозување на индустријата, удар врз малите и средни бизниси, како и поттикнување на нелегалната трговија.

Оваа Групација јавно излезе со заеднички став во однос на предложените новини во Законот во кој ги истакна своите забелешки и барања, меѓу кои сите засегнати страни да бидат активно вклучени во изработката на законското решение, но и разумен период за имплементација и приспособување кон новите измени. На овој начин ќе се избегнат сериозни нормативно-правни, финансиски и економски последици.

Во оваа насока, Групацијата истакнува дека со својата докажана глобална експертиза и научно компаративното искуство може активно и конструктивно да придонесе кон доусогласување на законскиот предлог. Според Групацијата, нацрт-законот за заштита од пушење е направен според словенечкиот модел, но тој не може да биде применлив во земјава, пред сé бидејќи двете држави се разликуваат по многу параметри: во Македонија суровиот тутун е стратешка земјоделска култура чие одгледување, производство и откуп се стимулирани од државата, имено во историски најголем обем на откуп и цена.

Во земјава активно работат две фабрики за производство на тутунски производи, кои придонесуваат со голем удел во приходите во државниот буџет, извозниот капацитет и вработуваат неколку стотини македонски граѓани. Тоа што е заедничко со Словенија е дека и Република Македонија, како земја кандидат во ЕУ, е под постојан мониторинг и евалуација на позитивното законодавство од страна на телата на ЕУ задолжени за проширување, кои до сега нотирале позитивен напредок и висок степен на усогласеност со ЕУ директивите. Еден таков закон е Законот за тутун, тутунски и сродни производи.

Од Групацијата за производство на цигари нагласуваат дека постојното законско решение во однос на заштитата од пушење е креирано во време кога на домашниот пазар беа присутни само цигарите и во мал дел другите согорливи тутунски производи. Во меѓувреме, индустријата еволуира и се трансформира, вложувајќи огромни инвестиции во нови технологии, иновации и истражувања, поради што има потреба од проширување на законското решение во кое ќе се вклучат сите нови категории на производи, применети најдобрите европски и светски пракси и во кое ќе се применат најсоодветните решенија за намалување на штетноста од тутунскиот чад.

Еден од најголемите недостатоци со предложување на комплетно нов текст на Законот за заштита од пушење е нормативно-правната неусогласеност со позитивните закони Public и прописи кои ја регулираат оваа проблематика, особено со Законот за тутун, тутунски и сродни производи. Новиот нацрт-закон содржи многу недоследности во клучните дефиниции, со што прави правна забуна во многу области, наспроти желбата да се осврне на јавно-здравствениот момент.

Оваа неусогласеност особено е изразена во изедначувањето на цигарите и алтернативните тутунски производи, кои во новиот нацрт-закон се ставаат во една иста категорија, што е апсолутно неточно бидејќи овие категории веќе се посебно дефинирани во постојниот Закон за тутун, производи од тутун и сродни производи. Изедначувањето на сите категории производи и особенo, внесувањето новокреирани нејасни термини, претставува назадување на постојната воспоставена регулаторна рамка. – Во контекст на споменатото е занемарувањето на бројни светски, регионални и локални истражувања кои докажале дека има значителна разлика меѓу цигарите и производите без чад – објаснуваат од Групацијата.

Вториот значаен аспект на предложеното законско решение е сериозното негативно влијание врз целокупната економија во земјата, малите и средните претпријатија, но и врз приливите во државниот буџет. Дополнително, се очекува забраните на домашниот пазар да ја поттикнат нелегалната трговија на тутунски производи во земјава, што исто така негативно ќе влијае врз државниот буџет. Групацијата истакнува дека нацрт-законот ќе доведе до сигурно намалување на работните места во тутунската индустрија и угостителскиот сектор, како и тежок удар врз малопродажниот трговски сектор, кој се очекува да ја загрози егзистенцијата на повеќе од 4.000 малопродажни места во државата, од кои голем дел се мали и семејни бизниси, без притоа да понуди модел решение и транзиционен период за прилагодување на тековната работа и залихи во сите канали.

– Забраната би предизвикала сериозни финансиски последици врз малите семејни бизниси (тобака, мини маркети), намалена продажба, но и поттикнување нелегална трговија. Дополнително, забраната би предизвикала спротивен ефект од она што ние со години се обидуваме да го постигнеме – контролирана комуникација и обучен вработен кадар кој се грижи информацијата да стигне само до полнолетните корисници. Слично е и со забраната на производи со ароми и вкусови, која, како и кај другите забрани, нема да доведе до намалување на бројот на пушачи, туку само до намалување на приходите и поттикнување нелегална трговија, што се покажа во повеќето земји во кои се забранети аромите и вкусовите, како што е и Словенија – велат од Групацијата.

Третиот голем недостаток на нацрт-законот е што не нуди решенија и прецизирање наспроти многубројните новововедени забрани за тоа како да се имплементираат предложените мерки во пракса, што остава простор за сериозни недоречености и несигурност при примената на законот.

Во овој контекст, недоволно прецизно и јасно се дефинирани и локациите на кои е забрането и тие на кои е дозволено пушењето и користењето алтернативни тутунски производи, што ќе овозможи различни толкувања од страна на бројните инспекциски служби и реален проблем при спроведување на прописот.

Групацијата истакнува дека е неопходна темелна доработка и усогласување на нацрт- законот со македонската економска реалност и со принципите за намалување на Public штетноста, односно потребно е Законот да се донесе по сериозни и сеопфатни консултации со сите засегнати страни, што ќе овозможи заштита на јавното здравје.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Клековски најави процентуално зголемување на платите во јавното здравство од март
Следна Статија Рама во Валона на вечера со Иванка Трамп и група архитекти

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Укинувањето на зелениот картон ќе значи поголеми давачки на граѓаните при регистрација, вели Димитриеска-Кочоска

Во Бизнис21 на ТВ21 гостуваше министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, која изјави дека укинувањето на зелениот картон ќе значи и…

September 25, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Се воведува е-фактура, крај за фантом фирмите и лица кои испумпувале стотици милиони евра од буџетот

Денеска присуствував на работен состанок на кој се презентираше инструментот е-фактура во просториите на Управата на јавни приходи.Се воведува системот…

June 27, 2025
ЕКОНОМИЈА

Министерството за транспорт треба да ја почне постапката за набавка на 120 еколошки автобуси

Владата денеска на седница ја разгледала и усвоила информацијата за доделување на повеќегодишен договор за јавна набавка на 120 еколошки…

April 8, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Овој автопат јасно ја покажува разликата меѓу сегашната и минатата Влада

Пуштени се во употреба првите 20 километри од автопатот Кичево – Охрид, на потегот од Врбјани до Ботун. На свеченото…

July 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?