Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Рама во Валона на вечера со Иванка Трамп и група архитекти
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Рама во Валона на вечера со Иванка Трамп и група архитекти
БАЛКАН

Рама во Валона на вечера со Иванка Трамп и група архитекти

Објавено January 22, 2026 13:16
Сподели
Сподели

Албанскиот премиер Еди Рама се сретна синоќа со Иванка Трамп, ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп, и поголема група меѓународни архитекти на вечера во албанскиот приморски град Валона, јави АТА.

За време на вечерата, што се одржа синоќа, беа разгледани нови развојни проекти и идеи поврзани со стратешки инвестиции во регионот Валона.

Иванка Трамп и нејзиниот сопруг Џаред Кушнер, кои вчера пристигнаа во Валона, претходно изразија интерес за развојни проекти во градот и околните области и на албанскиот остров Сазан – области за кои се смета дека имаат висок стратешки и туристички потенцијал.

Кушнер во Валона престојувал само неколку часа по што заминал за Давос.

Ова не е првпат Иванка Трамп и нејзиниот сопруг Џаред Кушнер да ја посетат Валона. Двајцата поминаа неколку дена во крајбрежниот град за време на нивниот летен одмор во јуни минатата година.

На 27 декември 2023 година, големата меѓународна туристичка компанија Atlantic Incubator Partners LLC, предводена од Џаред Кушнер, поднесе предлог до Албанската агенција за развој на инвестиции (AIDA) за инвестициски проект на островот Сазан.

На 30 декември 2024 година, на компанијата на Џаред Кушнер ѝ беше доделен статус на стратешки инвеститор за изградба на луксузен одморалиште на островот од страна на Комитетот за стратешки инвестиции, со кој претседава премиерот Еди Рама.

Според одлуката на Комитетот за стратешки инвестиции се очекува проектот за островот Сазан да вклучува инвестиција од 1,4 милијарди евра, а изградбата е планирана да опфати 8 проценти од островот, односно 45 хектари. Стратешкиот инвестициски проект вклучува изградба на ексклузивни вили со цел развој на луксузен туризам.

Островот Сазан бил воена база во времето на Студената војна. Со уредбата потпишана во декември 2024 година, од претседателот Бајрам Бегај, островот беше отстранет од списокот на локации за распоредување и обука на вооружените сили на земјата.

Албанскиот премиер Еди Рама тогаш изјави дека, од островот Сазан, инвестицијата на Кушнер, ќе направи „бисер на туризмот на Медитеранот“. Според него оние кои зборуваат за уништување на заштитени подрачја лажат, бидејќи, како што рече тој, Сазан никогаш не бил заштитено подрачје, освен за војниците на Енвер Хоџа.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Групација за производство на цигари: Предложениот закон сериозно ќе загрози значајни сегменти од индустријата, бизнис секторот и економијата
Следна Статија Петрушевски: Дали Филипче ја подготвувал продажбата со зголемување на буџетот на Клиничката болница Жан Митрев?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Намалување на јануарските плати за учесниците во штрајкот, велат од српското министерство за образование

Министерството за образование испрати известување до директорите на основните и средните училишта, според кое при пресметувањето на јануарската плата таа…

January 24, 2025
БАЛКАН

Две години од масовното убиство во „Рибникар“: Тешка трагедија која Србија никогаш нема да ја заборави

Поминаа две години од страшното масовно убиство кога 13-годишно момче уби девет деца и училишен чувар во ОУ „Владислав Рибникар“.…

May 3, 2025
БАЛКАН

Убедлива победа на Милановиќ за втор мандат

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, кој е поддржан од партијата СДП и коалицијата, победи по вториот круг на претседателските избори. Според…

January 13, 2025
БАЛКАН

Таткото на Коста Кецмановиќ: Mу велев да не пука во луѓе

Владимир Кецмановиќ пред судот изјавил дека членовите на семејството знаеле дека тој поседува оружје, но дека го чувал во куфери…

April 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?