Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Инцидент во српска рафинерија: Истекоа 82.000 литри нафта, можно загадување на Дунав
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Инцидент во српска рафинерија: Истекоа 82.000 литри нафта, можно загадување на Дунав
БАЛКАН

Инцидент во српска рафинерија: Истекоа 82.000 литри нафта, можно загадување на Дунав

Објавено April 24, 2025 18:36
Сподели
Сподели

Околу 82.000 литри нафта се излеале за време на товарење во шлеп на компанијата „Нафтахем“ од Нови Сад од српската рафинерија во Панчево на 21 април околу 7:00 часот, соопшти денеска Основното обвинителство во Панчево, а пренесе регионалната телевизија Н1. Дел од нафтата завршила во заштитната бариера околу шлепот, а потенцијално и во реката Дунав.

Дежурниот обвинител веднаш излегол на местото на инцидентот, каде извршил увид заедно со припадници на полицијата, покраински инспектори за заштита на животната средина, државни инспектори за безбедност во пловидбата и за превоз на опасни материјали, се наведува во соопштението.

Истрагата утврдила дека на 20 април шлепот, сопственост на „Нафтахем“, пристигнал на третиот пристаништен кеј на рафинеријата во Панчево, а на 21 април, во периодот меѓу 7:02 и 7:35 часот, за време на товарењето на нафта, се излеале околу 82.000 литри во заштитната бариера околу шлепот и потенцијално во Дунав.

Институтот за јавно здравје земал мостри од водата во близина на шлепот и на други делови од реката Дунав, со цел да се утврди степенот на загадување. Службата за јавно здравје во Панчево, во соработка со полицијата и надлежните инспекторати, ќе преземе дополнителни мерки и ќе ја утврди причината за еколошкиот инцидент.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тренчевска бара оставка од Таравари: Владата и министерот го донесоа здравствениот систем до степен на „тешко болен пациент“
Следна Статија Орбан: Влезот на Украина во ЕУ е смртоносен удар за Унгарија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Скандал во Грција: Злоупотребиле европски субвенции и направиле штета од 22 милиони евра

Истрагата на грчките власти утврди дека земјоделските субвенции од Европската Унија биле злоупотребени на високо ниво, во износ од најмалку…

September 5, 2025
БАЛКАН

Kaко во серијата „Твин Пикс“: Две убиства и самоубиства во планинска колиба во Бугарија

Случајот со шест жртви во Бугарија предизвика бран теории на заговор и шпекулации и доминираше во вестите во Бугарија повеќе…

February 19, 2026
БАЛКАН

16-годишна ученичка од Србија се обидела да се самоубие на час по хемија

Тинејџерка (16) утрово се обидела да се самоубие во просториите на училиште во Обреновац, Србија, пиејќи азотна киселина, а според…

December 3, 2024
БАЛКАН

Хрватска донесе закон против дивеењето на цените: Казни до 30.000 евра

Хрватскиот Сабор денеска го донесе Законот за вонредни мерки за контрола на цените, кој со објавување на цените на интернет…

February 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?