Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Грција втора во светот со 623 наградени плажи со „Сино знаме“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Грција втора во светот со 623 наградени плажи со „Сино знаме“
БАЛКАН

Грција втора во светот со 623 наградени плажи со „Сино знаме“

Објавено May 16, 2025 10:05
Сподели
Сподели

Меѓународната награда за квалитет „Сино знаме“ оваа година ја добија 623 грчки плажи, 17 марини и 17 туристички јахти, со што Грција ја задржа втората позиција меѓу 52 земји од целиот свет по сини знамиња за квалитетот на водата за пливање, заштитата на животната средина, организацијата и безбедноста на посетителите, јави дописничката на МИА од Атина.

Грчкото друштво за заштита на природата што воедно и организацијата која управува со меѓународната програма „Сино знаме“ соопшти дека во Грција континуирано се зголемува бројот на наградени места, а и ова година наградите се над 600.

Од вкупно 52 земји учеснички во програмата, Грција има 15 отсто од наградените плажи.

Регионот Крит го задржува првото место меѓу регионите со 153 знамиња, а Халкидики е на првото место меѓу грчките префектури со 93 знамиња.

Во програмата право на учество имаат организирани плажи, марини и јахти, а за да се добие наградата потребно е да се исполнат строги критериуми што се однесуваат на квалитетот на водата, безбедноста на посетителите, квалитетот на услуги, заштита на животната средина итн.

Оваа година, Меѓународниот комитет наградил 4.302 плажи, 736 марини и 158 туристички јахти од целиот свет, а според наградите, на прво место е Шпанија, втора е Грција, а трета Турција.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Палевски тврди: Само тројца учествувале во грабнувањето на Панче, а не четворица
Следна Статија Рама ја дочека на колена италијанската премиерка Џорџа Мелони

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Албанија почна со уривање на дивоградби, кај Валона срушен трикатен објект (ВИДЕО)

Владата на Албанија продолжува со обемна операција за отстранување на бесправно изградени објекти, како дел од стратегијата за пристапување во…

August 11, 2025
БАЛКАН

Рама за БИРН: Велиај останува градоначалник на Тирана, неговото апсење кршење на демократските стандарди

Албанскиот премиер Еди Рама апсењето на градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, по налог на СПАК, го смета за кршење на…

February 11, 2025
БАЛКАН

Словенците на нозе: Протести во Ново Место; „Шутаров закон“ пред парламентот

По вонредната седница на градскиот совет во Ново Место, словенечката влада презентираше голем број мерки за борба против криминалот и…

October 29, 2025
БАЛКАН

(ВИДЕО) Илјадници Бугари протестираа против воведување на еврото

Европската унија го одобри воведувањето на еврото во Бугарија на 1 јануари. Демонстрантите, предводени од граѓански здруженија, националистички и проруски…

June 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?