Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Гувернерот Славески во работна посета на Банката на Англија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Гувернерот Славески во работна посета на Банката на Англија
ЕКОНОМИЈА

Гувернерот Славески во работна посета на Банката на Англија

Објавено December 1, 2025 10:55
Сподели
Сподели

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, оствари работна посета на Банката на Англија во Лондон, заради засилување на билатералната соработка и за размена на експертски искуства со една од најстарите и најзначајни централни банки во светот.

Во текот на посетата, гувернерот Славески оствари повеќе работни средби со високи претставници на Банката на Англија, меѓу кои и со гувернерот Ендрју Бејли.

Особено значаен дел од агендата беа активностите поврзани со управувањето со златните резерви. Во тој контекст, беше организирана посета на трезорот на Банката на Англија, каде што Народната банка ги чува резервите во монетарно злато, заради подобро запознавање и увид во оперативните процедури за чување и ракување со монетарното злато, сигурносната заштита и во можностите коишто Банката на Англија ги нуди за пристап до пазарот за злато во Лондон, како најголем светски пазар преку шалтер на овој благороден метал.

Гувернерот одржа и работни средби со главниот економист на Банката на Англија, Хју Пил, и со заменик-гувернерката Сара Бриден. На средбите се разговараше за актуелните предизвици во спроведувањето на монетарната политика и за технолошките иновации во секторот на финансии.

Посетата беше во организација на Центарот за студии од областа на централното банкарство (CCBS) при Банката на Англија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Елизабет Холмс ја посети семејството за Денот на благодарноста додека е во затвор
Следна Статија Четири лица загинаа, десет повредени на роденден во Калифорнија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Николоски: Брза пруга до Солун, полесна постапка за изградба на хотели се дел од проектите за развој на туризмот по Коридорот 10

Во подготовка сме за градење на брза пруга од Скопје до Солун, на вчерашната седница на Владата усвоена е одлука…

November 12, 2025
ЕКОНОМИЈА

ЕЦБ ја продолжи можноста за пристап до репо-линијата за Народната банка до 2027 година

На барање на Народната банка, Европската централна банка (ЕЦБ) донесе одлука со која ја продолжи можноста за пристап до репо-линијата…

February 11, 2025
ЕКОНОМИЈА

Цените на нафтата пораснаа на 114 долари за барел, гасот поскапе за 30 отсто

Цените на нафтата „Брент“ денеска пораснаа на повеќе од 114 долари за барел, а европските цени на гасот скокнаа за…

March 19, 2026
ЕКОНОМИЈА

Продолжува субвенционирањето на „зелената нафта“, во тек делењето на ваучерите, потврди Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски денеска рече дека ќе продолжат субвенциите за „зелена нафта“. Тој ја потврди информацијата што завчера ја сподели…

September 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?