Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ЕЦБ ја продолжи можноста за пристап до репо-линијата за Народната банка до 2027 година
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > ЕЦБ ја продолжи можноста за пристап до репо-линијата за Народната банка до 2027 година
ЕКОНОМИЈА

ЕЦБ ја продолжи можноста за пристап до репо-линијата за Народната банка до 2027 година

Објавено February 11, 2025 18:34
Сподели
Сподели

На барање на Народната банка, Европската централна банка (ЕЦБ) донесе одлука со која ја продолжи можноста за пристап до репо-линијата во непроменет максимален износ од 400 милиони евра до 31 јануари 2027 година. Покрај нејзините девизни резерви, коишто се на историски највисоко ниво од 5 милијарди евра, репо-линијата обезбедува брза достапност до девизна ликвидност што ѝ овозможува на Народната банка флексибилно да се справи со потенцијалните регионални шокови за финансирање и зголемената побарувачка на ликвидност во евра.

Народната банка ѝ изрази благодарност на ЕЦБ за продолжувањето на можноста за пристап до репо-линијата. Продолжувањето на можноста за пристап до репо-линијата обезбедува значителна поддршка за политиките на стабилност коишто ги спроведува Народната банка. 

Народната банка доби можност за пристап до репо-линијата на почетокот на кризата предизвикана од пандемијата на ковид-19, во 2020 година, кога ЕЦБ им дозволи пристап до овој инструмент на централните банки надвор од еврозоната, со цел да се спречат преносните ефекти врз финансиските пазари и економиите во еврозоната и да се ублажат негативните ефекти од пандемијата. Народната банка беше предводник и иницијатор меѓу централните банки од регионот за обезбедување пристап до дополнителни средства, за зајакнување на заштитните механизми, и покрај стабилното ниво на девизните резерви и солидната ликвидност на банките. Во изминатиот период, и покрај повеќе последователни кризи, не беа користени средства од репо-линијата.

Повеќе информации за репо-линијата се достапни на веб-страницата на ЕЦБ, на следнава врска: https://www.ecb.europa.eu/mopo/implement/liquidity_lines/html/index.en.html. 

__________

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Рама за БИРН: Велиај останува градоначалник на Тирана, неговото апсење кршење на демократските стандарди
Следна Статија ПСЖ се интересира за Винисиус

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Николоски: Креираме нов Правилник за изградба на велосипедска инфраструктура, безбедност во сообраќајот е врвен приоритет

Владата преку Министерството за транспорт реализира сет мерки за подобрување на инфраструктурта во општините со што ја подигнува безбедноста во…

September 18, 2025
ЕКОНОМИЈА

Состојбата во ЈСП Скопје е алармантна, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации

Стари, недоволени по број и неисправни. Состојбата со автобусите на ЈСП е аларматно загрижувачка, покажува истражувањето на Центарот за граѓански…

February 18, 2026
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: 250 милиони евра од унгарскиот заем за компаниите стануваат оперативни

Двесте и педесет милиони евра од билатералниот заем со Унгарија стануваат оперативни. Владата донесе одлука за нивно ставање на располагање…

January 28, 2025

БП е близу до продажба на најголемиот дел од единицата за подмачкување Castrol на Stonepeak

Стратешка трансформација во енергетскиот сектор: БП најавува значајна промена во портфолиото

December 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?