Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Летови Скопје-Франкфурт со „Луфтханза“ и во зимската сезона
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Летови Скопје-Франкфурт со „Луфтханза“ и во зимската сезона
ЕКОНОМИЈА

Летови Скопје-Франкфурт со „Луфтханза“ и во зимската сезона

Објавено August 20, 2025 09:42
Сподели
Сподели

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ одлучи да ги одржува летовите помеѓу Франкфурт и Скопје во текот на целата зимска сезона, иако со значително намален распоред, објави порталот „Екс ју авијација“.

Авиокомпанијата во мај годинава одлучи да ги суспендира летовите од 1 февруари до 28 март 2026 година, за време на зимскиот распоред 2025/26, кој трае од 26 октомври до 28 март. Сепак, според објавата, оваа недела „Луфтханза“ ги ревидирала своите планови и закажала три неделни лета помеѓу двата града, кои ќе се реализираат во понеделник, петок и недела, во текот на февруари и март, што е намалување во споредба со десетте неделни летови во тие месеци оваа година.

На линијата ќе лета авион Ербас А319. Според тековниот распоред на Луфтханза, авиокомпанијата планира да извршува десет неделни летови во ноември и декември, по што ќе следат седум неделни ротации во јануари. Јануарскиот распоред нема да вклучува дневна услуга, туку ќе вклучува два лета во одредени денови од неделата, се наведува во објавата.

„Луфтханза“, како корисник на субвенции од македонската Влада ја опслужува линијата Скопје-Франкфурт од април 2023 година, кога превезе 73 456 патници, а во 2024 година 105 653.

Министерството за транспорт на почетокот на месецов најави пет нови авиолинии од Скопскиот аеродорм. Со „Визер“ од ноември од Скопје ќе се лета до Мадрид и Стокхолм, а од декември до Прага, Бари и Келн. Се воведува и претходно најавената линија до Ларнака, Кипар.

Во првата половина од годинава од Скопскиот и Охридскиот аеродром вкупно се превезени 1,5 милион патници што е зголемување за 5 проценти, односно 11 проценти.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Турист во Хрватска шокиран од цените: „Ова е поскапо од Париз и Њујорк“
Следна Статија Од октомври ќе патуваме по нови правила: Детали околу новиот систем за влез и излез во ЕУ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

„Бош“ планира да отпушти 13.000 луѓе во Германија

Водечкиот светски добавувач на автомобилската индустрија, „Бош“, соопшти дека ќе отпушти 13.000 луѓе во Германија до 2030 година, пренесе Би-би-си.…

September 26, 2025
ЕКОНОМИЈА

Економски раст од 3,8%, инфлација 2,5 – Владата го усвои предлог буџетот за наредната година

Владата денеска го усвои Предлог-буџетот за 2026 година, со којшто економскиот раст е проектиран на 3,8 проценти, инфлацијата на 2,5,…

October 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски не очекува покачување на цената на струјата за домаќинствата

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека не очекува поскапување на струјата за домаќинствата во јануари. Одговарајќи на новинарско прашање Мицкоски рече…

October 28, 2024
ЕКОНОМИЈА

Азески: Договорот за минималната плата да ги има предвид економските параметри

Утврдувањето на износот на минималната плата насекаде е условен од одредени економски критериуми. Минималната плата треба да се утврдува во…

April 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?