Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Гугл ги враќа на работа работниците што претходно ги отпушти
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Гугл ги враќа на работа работниците што претходно ги отпушти
ЕКОНОМИЈА

Гугл ги враќа на работа работниците што претходно ги отпушти

Објавено December 21, 2025 13:08
Сподели
Сподели

Како што се заострува „војната за AI таленти“ меѓу компании како OpenAI, Meta и Anthropic, Гугл еден од начините да се натпреварува е повторно да ги вработува поранешните работници.

Според CNBC, околу 20% од софтверските инженери кои работат на вештачка интелигенција и кои Гугл ги вработил во 2025 година се „бумеранг“ работници – поранешни вработени кои се враќаат, што е зголемување во однос на претходните години.

Портпаролот на Гугл потврдил дека статистиката останува точна и во декември и дека компанијата забележала раст на бројот на AI истражувачи.

„Полни сме со енергија поради нашиот моментум, компјутерските ресурси и таленти, а инженерите сакаат да работат тука за да продолжат да развиваат револуционерни производи“, изјавил портпаролот, пренесува Klix.

Дон Кејси, шеф на одделот за компензации во Гугл, неодамна на состанок информирал дека софтверските инженери кои се фокусирани на AI се привлечени од големите финансиски ресурси на Гугл и импресивната компјутерска инфраструктура за напредни AI проекти.

Гугл има голем базен на поранешни работници кои може „повторно да ги ангажира“, особено по најголемото отпуштање во почетокот на 2023 година, кога матичната компанија Alphabet отпушти 12.000 работници, намалувајќи го бројот на вработени за шест проценти. Ова следеше по падот на пазарот предизвикан од растечка инфлација и зголемени каматни стапки. Гугл од тогаш продолжи со постепени отпуштања и откупи на договори.

Според податоците на ADP Research објавени порано оваа година, бројот на „бумеранг“ работници во целата индустрија расте, а секторот класифициран како информатички покажува најизразени бројки.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Петрушевски: Криминалната шема на СДС и ДУИ во ЕСМ – наместени тендери од 8 милиони евра и испрани 2 милиони
Следна Статија Намалена видливост поради магла на неколку патни правци низ државава

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Расте долгот на граѓаните кај банките, тие најмногу земаат потрошувачки и станбени кредити

Народната банка на Република Македонија денеска објави дека анализирано на годишно ниво, вкупните депозити бележат раст од 11,6 проценти што…

May 21, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Овој автопат јасно ја покажува разликата меѓу сегашната и минатата Влада

Пуштени се во употреба првите 20 километри од автопатот Кичево – Охрид, на потегот од Врбјани до Ботун. На свеченото…

July 13, 2025
ЕКОНОМИЈА

Џонсон Мети со одлични резултати за првите шест месеци од фискалната година

„Џонсон Мети“ оствари силни резултати во првата половина од финансиската година (шесте месеци што завршија на 30ти септември 2025 година),…

November 29, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Очекувам задвижување на македонската економија

Очекувам задвижување. Ова е една поголема, сеопфатна стратегија. На вчерашната владина седница беше донесена оваа одлука, односно договорите кои што…

January 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?