Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан на литургијата во Кочани: Солзите што протекоа, течат без престан
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан на литургијата во Кочани: Солзите што протекоа, течат без престан
МАКЕДОНИЈА

Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан на литургијата во Кочани: Солзите што протекоа, течат без престан

Објавено March 14, 2026 16:22
Сподели
Сподели

Еве, помина една година од таа трагична ноќ во која настрадаа бројни млади македонски чеда. Времето продолжи да тече, деновите станаа бестрајни месеци, а месеците исполнија веќе и цела година. Солзите што протекоа, течат без престан и станаа секојдневие за сите мајки и татковци, за многу роднини и пријатели, станаа бол за овој крај и за сиот наш народ. А солзите дури и да престанат, тагата не исчезнува, таа останува длабоко во срцата на најблиските, рече Неговото Блаженство, архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, откако денеска заврши светата архиерејска литургија и општиот парастос за упокоените во црквата „Св. великомаченик Георгиј“ во Кочани.

-И светата Црква сочуствува и ја разбира таквата тага. И овој пат се уверивме колку смртта е трагична, особено кога од овој свет ненадејнои трагично заминуваат млади луѓе. Па и пресвета Богородица како мајка ја исполнувале такви чувства и таква тага кога ги гледала настаните на Голгота, потсети во своето обраќање архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан.

-Нашите мили во Господа, нашите прерано заминати деца, браќа, сестри, внуци , роднини, пријатели засекогаш ќе ни недостасуваат и тоа чувство е природно, но покрај нашата тага треба да се надеваме дека оние што починале во Христа ќе бидат вечно со него. А, додека дојде тој ден, Црквата заедно со најблиските на покојните молитвено ќе се сеќава на своите упокоени чеда, и во секоја молитвена прилика ќе си спомнува за нив. И затоа, денеска исполнети со неизмерна тага, стоејќи со силна вера, да се помолиме Господ да им дарува покој во место светло, во место мирно, во место за одмор, каде што нема ни болка, ни тага ни воздишка, туку живот бесконечен. Нека им е вечен споменот, порача Неговото Блаженство, архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, пред присутните членови на семејствата на починатите и повредените во трагичниот пожар од март лани и пред сите што ја следеа светата архиерејска литургија и општиот парастос за упокоените во црквата „Св. великомаченик Георгиј“ во Кочани, со што започна одбележувањето на годишнината од трагичниот пожар што го потресе Кочани

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија КОНТРОВЕРЗНА ОДЛУКА: Судска мерка блокира 1,5 милиони евра по спор за деловен простор
Следна Статија ЦУК: Пожарот на Јабланица локализиран

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мисајловски: Македонскиот народ не беше нем сведок – беше активен борец, нашите предци ги дадоа своите животи за слобода, за правда, за иднина

Денеска, по повод одбележувањето на Денот на победата над фашизмот положивме венец со свежо цвеќе во чест на македонските партизани…

May 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Доаѓа студен бран со врнежи од снег

Повремен дожд, а на планините слаб снег ќе има утре уште од утрото, особено на север и на исток од…

February 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Патот од Подмоље до Охрид вечерва ќе биде пуштен во сообраќај

Oд вечерва ќе се пушти за сообраќај за сите возила делницата од Подмоље до Охрид, како дел од автопатот Кичево…

June 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Здружение на судии: Се оградуваме од секој корумпиран судија

Здружението на судии на Република Македонија (ЗСРСМ) соопшти дека внимателно ги следи настаните поврзани со притворањето на судија од Апелациониот…

January 21, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?