Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Давидовиќ: На ниту еден обвинет не му е дадено обвинението, како некој ќе се изјасни за вина ако го нема она да го прочита за што е обвинет?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Давидовиќ: На ниту еден обвинет не му е дадено обвинението, како некој ќе се изјасни за вина ако го нема она да го прочита за што е обвинет?
Blog

Давидовиќ: На ниту еден обвинет не му е дадено обвинението, како некој ќе се изјасни за вина ако го нема она да го прочита за што е обвинет?

Објавено November 25, 2025 16:49
Сподели
Сподели

Адвокатот Звонко Давидовиќ, бранител на еден од обвинетите за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, остро реагираше на начинот на кој е доставена изменетата верзија на обвинението. Тој посочи дека Обвинителството направило сериозни пропусти со кои, наместо да ја забрза, ја одолговлекува постапката.

„Во јавноста често се повторува дека адвокатите се тие што сакаат да развлекуваат. Денеска се покажа спротивното — Обвинителството е тоа што прави грешки и го успорува процесот,“ изјави Давидовиќ.

Тој објасни дека најголемиот проблем е недоставувањето на интегрираната, изменета верзија на обвинението, за која тврди дека содржи нови и проширени временски елементи во однос на првичниот документ. Според него, ниту обвинетите, ниту нивните адвокати ја добиле оваа верзија.

„Бранителите не се обвинети. Ние сме тука да ги застапуваме луѓето кои мора да знаат за што се товарат. Ниту еден од нив не го добил обвинението. Како да се изјасни некој за вина ако не може да го види документот?“ праша Давидовиќ.

Тој додаде дека ваквото постапување е крајно несоодветно и дека го доведува во прашање принципот на фер судење, особено во момент кога судот очекува официјално изјаснување за вина од обвинетите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Уапсен екс министерот за земјоделство Трајан Димковски и уште 4 други лица: Се товарат за злоупотреба на службена должност
Следна Статија Радев: Крајно време е Македонија да започне со гонење за нападите врз Бугарите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Крис Павловски: Еден ден го мразат Трамп, тој станува претседател и следниот ден му го бакнуваат задникот

Сопственикот на најбрзо растечката видео мрежа Рамбл Крис Павловски кој има македонско потекло ги коментира американските бизнисмени кои пред победата…

January 25, 2025
Blog

Аларм во Германија: Стапката на невработеност е највисока од 2015 година.

Стапката на невработеност во Германија на почетокот на годината достигна највисоко ниво од февруари 2015 година, покажуваат новите податоци на…

February 2, 2025
Blog

Цените на бакарот во САД скокнаа на рекордно високо ниво по објавата на Трамп за царините

Цените на бакарот во САД скокнаа на рекордно високо ниво во вторник откако Доналд Трамп изјави дека Вашингтон ќе воведе…

July 9, 2025
Blog

Шпанија ќе ја скрати работната недела на 37,5 часа

Владата на Шпанија и синдикатите се договорија да се скрати работната недела од 40, на 37,5 часа. Притоа платите остануваат…

December 21, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?