Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Дали Емилијан Станковиќ ќе се кандидира за градоначалник на Центар?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Дали Емилијан Станковиќ ќе се кандидира за градоначалник на Центар?
ПОЛИТИКА

Дали Емилијан Станковиќ ќе се кандидира за градоначалник на Центар?

Објавено April 13, 2025 21:26
Сподели
Сподели

Се зголемуваат шпекулациите дека Емилијан Станковиќ би можел да влезе во трката за градоначалник на Општина Центар. Иако сè уште нема официјална потврда, неговата активност на терен и политичкото искуство го ставаат меѓу можните имиња што би можеле да предизвикаат промени на локално ниво.

Кој е Емилијан Станковиќ?

Станковиќ е член на СДСМ и дипломиран правник со положен правосуден испит. Роден е во Скопје на 16 мај 1976 година. Тој има богато парламентарно искуство, со учество во повеќе клучни собраниски комисии и делегации. Бил член на Законодавно-правната комисија, Комисијата за уставни прашања, како и на Анкетната комисија за утврдување на околностите за загинувањето на претседателот Борис Трајковски. Покрај тоа, учествувал и во работата на парламентарни групи за соработка со земји како Швајцарија, Јапонија, Ирска и балтичките држави.

Неговото политичко искуство и познавање на уставно-правните процеси би можеле да му дадат значителна предност во евентуална кандидатура. Поддржувачите го гледаат како фигура која може да внесе стабилност, отчетност и правна прецизност во водењето на општината.

Во минатото Станковиќ беше и портпарол на СДСМ, но во моментов прашањето што останува отворено е:

Дали Станковиќ би настапил како независен кандидат или ќе ја побара поддршката на СДСМ? Оваа дилема се наметнува во јавноста имајќи го во предвид фактот дека Станковиќ во моментов не обавува никаква партиска функција и не е во добри односи со партијата СДСМ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Бугарија доби нов американски воен авион
Следна Статија Европјаните масовно ги откажуваат патувањата во САД, еве зошто

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Владата негира дека троши државни пари за политичката кампања

Владата ги отфрли , како што велат, изнесените невистини и обиди за манипулација од страна на СДСМ и Левица околу…

September 9, 2025
ПОЛИТИКА

Ѓеорѓиевски: Ќе победам во првиот круг, Скопје заслужува генералка, ред и стратегија

Актуелниот градоначалник на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Орце Ѓеорѓиевски, во интервју…

August 10, 2025
ПОЛИТИКА

Зајкова: 102 молкa, 1 живот помалку – електронска белезица за сторителите на насилство

Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова се огласи на Фејсбук по повод грозоморното двојно…

September 18, 2025
ПОЛИТИКА

ДУИ oбвинува за дискриминација во Царинската управа

Демократската унија за интеграција најостро реагира на најновото унапредување на 26 службеници во Царинската управа, сите од македонска етничка припадност,…

May 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?