Дарко Митровиќ од Општина Центар го фати светиот крст што во реката Вардар во Скопје денеска го положи архиепископот г.г. Стефан по осветувањето на водите по повод празникот Богојавление – Водици
Дваесет и четиригодишниот Митровиќ беше најбрз меѓу 160 пријавени на централната манифестација за одбележување на празникот Водици во Скопје што се одржа кај мостот „Слобода“.
Одбележувањето на Богојавление во Скопје започна во 9 часот во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“, каде што богослужеше поглаварот на МПЦ-ОА, архиепископот г.г. Стефан. По литургијата, богојавленските литии заедно со свештенството во поворка се упатија кон мостот „Слобода“ каде што се изврши водосветот.