Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Дарко Јаневски е нов директор на МИА
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Дарко Јаневски е нов директор на МИА
МАКЕДОНИЈА

Дарко Јаневски е нов директор на МИА

Објавено April 30, 2025 12:59
Сподели
Сподели

Надзорниот одбор на АД МИА – Скопје во државна сопственост на денешната седница го избра Дарко Јаневски за генерален директор и претседател на Управниот одбор на МИА.

Јаневски дипломирал на Правниот факултет на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ и тој има долгогодишно новинарско искуство во повеќе медиуми.

Од 1996 до 1999 година бил новинар во неделникот „Фокус“, а од 1999 до 2000 година бил заменик на главниот и одговорниот уредник на неделникот. Во 2000 година бил уредник-коментарот на дневниот весник „Нова Македонија“, а од 2000 до 2003 година бил заменик на главниот и одговорен уредник на дневниот весник „Вечер“.

Од 2002 до 2004 Јаневски работел како новинар во неделникот „Пулс“. Од периодот од 2005 до 2009 година повторно работи како новинар во неделникот „Фокус, а од 2009 до 2012 година е новинар во дневниот весник „Нова Македонија“. Од 2012 до 2013 година е заменик на главниот и одговорниот уредник на дневниот весник „Нова Македонија“.

Јаневски работи како главен и одговорен урендик на дневниот весник „Дневник“ во периодот од 2013 до 2017 година. Од 2017 до 1018 година е уредник и водител на политичката ТВ емисија „Без ракавици“ на ТВ Алфа. Од 2018 до 2025 година е уредник на порталот „Денешен.мк“.

Надзорниот одбор на денешната седница ја избра Пандорка Арсовска Гацова за член на Управниот одбор, задолжен за генерален сервис на вести. Арсовска Гацова е искусен долгогодишен новинар во МИА, која и претходно била член на Управниот одбор и уредник на Внатрешна редакција во периодот од 2006-2017 година.

Надзорниот одбор на денешната седница го констатира престанокот на мандатот на досегашниот генерален директор и претседател на УО на МИА, Драган Антоновски.

На седницата беше констатиран и престанокот на мандатот на членот на УО, задолжен за генерален сервис на вести, Ана Цветковска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Се јави Димитровска: Тоа е комуникација со семеен пријател, кој подоцна стана обвинет за „Адитив“
Следна Статија Да не се крева паника: Се користат и старите и новите банконоти од 50 евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Воената академија распиша конкурс за нови студенти и питомци

Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје го објави Конкурсот за запишување студенти/питомци за потребите на Министерството за одбрана и на Армијата на…

May 27, 2026
МАКЕДОНИЈА

Тошковски за случајот „Штекли“: Одлучно и сурово ќе одговориме. Нема да се мижи како што се мижело претходно

Добро е што немаме животозагрозувачка состојба на никого во овој момент, лошо е што криминалните банди си „хараат“ и денеска,…

November 14, 2024
МАКЕДОНИЈА

Неделава доаѓа голем и тежок празник

Православните верници во сабота го слават празникот Крстовден. Празникот Воздвижение на чесниот крст, во народот познат како Крстовден, се празнува…

September 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

До 30 септември се продолжува забраната за движење во шумите

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја известува јавноста дека забраната за движење во шумите и шумското земјиште се продолжува…

September 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?