Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кос: Земјите што не ги исполнуваат своите обврски заостануваат во преговорите со ЕУ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Кос: Земјите што не ги исполнуваат своите обврски заостануваат во преговорите со ЕУ
МАКЕДОНИЈА

Кос: Земјите што не ги исполнуваат своите обврски заостануваат во преговорите со ЕУ

Објавено July 8, 2026 11:37
Сподели
Сподели

Еврокомесарката за проширување, Марта Кос, порача дека Македонија има историска можност да напредува на патот кон Европската Унија, но нагласи дека тоа ќе зависи од исполнувањето на преземените обврски и градењето доверба со земјите-членки.

Во интервју за МИА, Кос истакна дека земјава покажала силни резултати во спроведувањето на Реформската агенда, што, според неа, е доказ дека може да испорачува резултати кога постои политичка волја.

„Северна Македонија покажа дека може да постигне резултати кога има политичка волја. Тоа јасно се гледа преку нејзините силни перформанси во рамките на Реформската агенда. Доаѓам во Македонија за да ја охрабрам Владата истото да го направи и во процесот на пристапните преговори. Сега имаме можност што се случува еднаш во генерација“, изјави Кос.

Таа предупреди дека земјите кои ги исполнуваат своите обврски напредуваат кон членство, посочувајќи ги Црна Гора и Албанија како примери, додека оние што не го прават тоа ризикуваат да останат зад другите.

„Оние кои ги исполнуваат своите обврски напредуваат. Оние што не ги исполнуваат, заостануваат. Во период кога процесот на проширување се забрзува, застојот практично значи назадување“, рече еврокомесарката.

Според Кос, клучен предуслов за напредок во пристапните преговори е меѓусебната доверба меѓу земјите кандидати и земјите-членки на Европската Унија.

„Таквата доверба се гради пред сè преку исполнување на обврските и односот на земјите кандидати кон Европската Унија и нејзините членки. Таа започнува со добрососедските односи. Кога довербата расте, процесот на пристапување станува посигурен. Убедена сум дека тоа може да биде случај и со Македонија“, истакна Кос.

Осврнувајќи се на барањата за гаранции дека во текот на пристапниот процес нема да се појават нови билатерални спорови, Кос нагласи дека таква практика досега не постоела.

„Ниту една земја кандидат досега не добила гаранција дека нема да се појави нов спор во текот на пристапниот процес, сè до ратификацијата на Договорот за пристапување од страна на последната од 27-те земји-членки. Така функционира процесот на проширување на Европската Унија и важно е да се прифати таа реалност“, порача еврокомесарката Марта Кос.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Се потврди дека на Мицкоски не му е ниту до реформи, ниту до Изборен Законик – целта беше изборен грабеж“, велат од СДСМ
Следна Статија Канадскиот „Обама“ го измачи Ноле

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Денес на седница ќе се назначи в.д. државен јавен обвинител

Советот на јавни обвинители денеска треба да одржи седница за определување вршител на должноста државен јавен обвинител на местото Љупчо…

December 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Екс министерот Крешник Бектеши на распит во полицијата

Поранешниот министер за економија Крешник Бектеши е повикан разговор во полиција, дознава Плусинфо. Бектеши е повикан на распит во полициската…

March 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Судскиот совет на итна седница ќе одлучува за имунитетот на судијата Ѓоко Ристов

Судскиот совет на Република Македонија соопштува дека на итна седница денеска ќе одлучува за одземање на имунитетот и за одобрување…

January 20, 2026
МАКЕДОНИЈА

Зголемена стапката на морталитет, повеќе умираат мажите, најмногу во јануари, а најмалку во април

Бројот на умрени лица во земјава минатата година бележи раст од 0,1 процент. Повеќе умираат мажите и тоа во просек…

June 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?