Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Се потврди дека на Мицкоски не му е ниту до реформи, ниту до Изборен Законик – целта беше изборен грабеж“, велат од СДСМ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > „Се потврди дека на Мицкоски не му е ниту до реформи, ниту до Изборен Законик – целта беше изборен грабеж“, велат од СДСМ
ПОЛИТИКА

„Се потврди дека на Мицкоски не му е ниту до реформи, ниту до Изборен Законик – целта беше изборен грабеж“, велат од СДСМ

Објавено July 8, 2026 11:51
Сподели
Сподели

Од СДСМ преку соопштение обвинуваат дека на премиерот Христијан Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ не им биле приоритет ниту реформите, ниту подобрувањето на Изборниот законик, туку, како што велат, „изборен грабеж и манипулација со гласовите на дијаспората“.

Од партијата посочуваат дека ВМРО-ДПМНЕ претходно тврдеше дека обезбедило договор со Левица и ДУИ, а сега, според нив, одговорноста се обидува да ја префрли врз СДСМ.

„Нели седеа заедно со Левица и ДУИ, нели тврдеа дека имаат договор? Повторно гледаме само лаги и спинови“, наведуваат од СДСМ.

Во соопштението се потсетува дека техничката Влада била укината без политички консензус, а по неуспехот на предлогот за електронско гласање на дијаспората, власта, според СДСМ, предложила модел за гласање по пошта без доволни механизми за контрола.

Од СДСМ сметаат дека вистинскиот проблем е кај власта и тврдат дека целта е манипулација со околу 200.000 гласови од дијаспората.

Партијата додава дека реформската агенда се користи како оправдување за, како што наведуваат, неисполнувањето на обврските во евроинтегративниот процес.

„СДСМ има принципиелен став и нема да дозволи изборен грабеж. Ќе го заштитиме гласот на секој граѓанин од злоупотреби и манипулации“, се наведува во соопштението.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија УХМР издаде метео-аларм за силен ветер – Попладне невреме во Македонија
Следна Статија Кос: Земјите што не ги исполнуваат своите обврски заостануваат во преговорите со ЕУ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Пленковиќ нѐ пофали: Македонската Влада напредува многу добро во исполнувањето на критериумите за членство во ЕУ

Македонската Влада е за исполнување на критериумите за членство во Европската Унија и сметам дека тие напредуваат многу добро –…

May 26, 2026
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Вреди нема да добие плус ресор, еден ист човек ќе биде и вицепремиер и министер

Нема да има нови ресори, ВРЕДИ нема да добие плус човек, еден ист човек ќе биде вицепремиер и министер, изјави…

November 26, 2025
ПОЛИТИКА

(Видео) „Срам за Владата, работниците и пензионерите не се виновни за поскапувањата“, вели Битиќи

„Во време кога цените на основните производи и трошоците за живот незапирливо растат, премиерот Христијан Мицкоски ја пласира тезата дека…

August 12, 2025
ПОЛИТИКА

Од полноќ почнува кампањата за Локалните избори 2025

Од денеска на полноќ почнува 20-дневната кампања за Локалните избори 2025 што ќе се одржат на 19 октомври (втор круг…

September 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?