Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Шест сообраќајни ленти, од кои две за автобуси: Ѓорѓиевски со јасен план за намалување на метежот во центарот на Скопје
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Шест сообраќајни ленти, од кои две за автобуси: Ѓорѓиевски со јасен план за намалување на метежот во центарот на Скопје
ПОЛИТИКА

Шест сообраќајни ленти, од кои две за автобуси: Ѓорѓиевски со јасен план за намалување на метежот во центарот на Скопје

Објавено October 9, 2025 13:43
Сподели
Сподели

Промени во сообраќајната иднина на Скопје, пресврт за централното градско подрачје најави денеска кандидатот за градоначалник за Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски.

Денеска, тој ја најави, првата фаза од булеварот „Македонија“, клучен проект кој ќе го растовари метежот во центарот на Скопје.

Новиот кружен тек кај „Нова Македонија“ и двата кружни тека кај булевар „Кочо Рацин“ и улица „Железничка“ ќе донесат побезбеден проток и паметни сообраќајни решенија според европските стандарди.

Со пуштањето во употреба на подземната сообраќајница под „Лимак“, Скопје ја добива првата подземна сообраќајница во нашиот град, нешто што досега било несвојствено за нашата држава.

Таа ќе има 6 ленти, 4 за двосмерен сообраќај на автомобили, две за автобуси и дополнителни тротоари. Со оваа подземна сообраќајница под „Лимак“, сообраќајот ќе тече, би рекол, сосема непречено, а центарот ќе доживее значително растоварување, што ќе го направи движењето низ целиот град многу покомфорно и побезбедно. Мислам дека ќе успееме да постигнеме и целосно ослободување од метежот во центарот, бидејќи предвидуваме уште едно капитално решение , а тоа е улицата „Даме Груев“ да премине во булеварско решение. Иако постојат предизвици со зградата на „Макотекс“, имаме јасен план за правно и техничко решение – нагласи Ѓорѓиевски.

Смета дека со реализацијата на овој проект, централното градско подрачје ќе биде речиси целосно растоварено, создавајќи современ, урбан и проточен простор кој ќе го трансформира секојдневното движење на граѓаните.

Би го споменал и паркирањето, кое е еден од најголемите проблеми за скопјани, посебно во Центар. Сметам дека значително ќе го подобриме со изградбата на современа катна гаража од европски тип на местото на местото од дотраените бараки и постојниот монтажен паркинг во Буњаковец. Дополнително, преку монтажни паркинзи во Капиштец и Под Кале ќе им овозможиме на жителите и многу поудобен пристап до паркинг – вели Ѓорѓиевски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Шукова: Младински хабови, градски ваучер и нова гимназија Скопје станува град на можности за младите
Следна Статија АД ЕСМ: Ниту еден член од сегашното раководство на РЕК Битола не е приведен, ниту инволвиран во тековната постапка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

СДСМ поднесе Закон за 600 евра минимална плата, од ВМРО-ДПМНЕ им вратија дека ако не краделе кога биле на власт платата веќе ќе била толку

СДСМ денес се одважи и напиша на хартија Предлог закон за минимална плата од 600 евра, за волја на вистината…

January 30, 2026
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Лефков: Чија е јахтата на која плови Филипче со Заев, колку чини и на кој начин е купена?

Не е проблем што Венко Филипче отишол на одмор. Секој човек тоа го заслужува. Не е ни проблем локацијата каде…

August 11, 2025
ПОЛИТИКА

Интерпелацијата за Тошковски на пленарна седница

Собранието денеска ќе ја одржи 106-тата седница на чиј дневен ред е и интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни…

June 24, 2026
ПОЛИТИКА

Лефков: Додека Филипче плови на јахтата на Заев, СДС молчи – Каде се да дадат коментар, да кажат од каде парите и како се спечалени?

Додека Филипче плови на јахтата на Заев, СДС молчи – Каде се да дадат коментар, да кажат од каде парите…

August 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?