Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Шукова: Младински хабови, градски ваучер и нова гимназија Скопје станува град на можности за младите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Шукова: Младински хабови, градски ваучер и нова гимназија Скопје станува град на можности за младите
ПОЛИТИКА

Шукова: Младински хабови, градски ваучер и нова гимназија Скопје станува град на можности за младите

Објавено October 9, 2025 13:41
Сподели
Сподели

Кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, ја претстави својата визија за модерен, инклузивен и младински ориентиран главен град кој нуди вистински можности за раст, развој и иднина.

„Мојата визија за Скопје е град што создава можности, особено за младите,“ истакна Шукова. „Како градоначалник, имам јасен план за младински хабови современи урбани простори каде младите добиваат директен пристап до компании, обуки, ментори и финансиска поддршка за нивните идеи.

Според Шукова, младинските хабови се еден од клучните приоритети во нејзината програма. По примерот на големите европски метрополи, тие ќе бидат места каде младите ќе можат да развиваат свои идеи, да се вмрежуваат со компании и инвеститори и да стекнуваат практични знаења и искуства.

Во рамки на овие центри ќе биде обезбедено:
• поврзување со компании што бараат нов кадар,
• советување за избор на образование и кариера,
• обуки за дигитални вештини, претприемништво и личен развој,
• финансиска и менторска поддршка за млади претприемачи.

„Овие хабови ќе бидат мост меѓу младите и светот на бизнисот. Ќе помогнеме идеите да станат реалност, а талентот успех,“ нагласи Шукова.

За локации на првите младински центри, предвидени се катната гаража „Беко“, како и просториите во Воената кула кај Нова железничка во Аеродром, кои се во сопственост на Град Скопје.

Во делот на социјалните политики, Шукова најави и нова мерка градскиот ваучер „Скопје за сите“, кој ќе овозможи бесплатен јавен превоз, пристап до ЗОО, музеи, библиотеки и културни активности, како и субвенции за паркинг и спорт. Ваучерот е наменет за младите, семејствата со пониски приходи, пензионерите и лицата со попреченост.

„Со ваучерот ‘Скопје за сите’, ќе создадеме град што се грижи, град што е достапен и топол за сите генерации,“ порача таа.

Во сферата на образованието, нејзината програма предвидува реновирање и современо опремување на училиштата, зголемена поддршка за младински проекти за 300%, како и мрежа на младински центри, нова гимназија во Аеродром, дигитализација на наставата и Фонд за стипендии за спортисти и талентирани ученици.

„Со овие мерки, Скопје создава основа за град што ги задржува младите, отвора квалитетни работни места и вложува во знаење и иднина. Верувам дека кога ќе им дадеме можност на младите да успеат овде сите ќе успееме заедно. Ова е наш град. Овде ни е домот,“ порача Каја Шукова

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија СДСМ за одлуката за плаќање ДДВ за пратки под 22 евра од странство: До евтините пратки ли и дојде на власта?
Следна Статија Шест сообраќајни ленти, од кои две за автобуси: Ѓорѓиевски со јасен план за намалување на метежот во центарот на Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски: За 72 часа Скопје ќе биде чисто

Кандидатот за градоначалник на град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски потенцираше дека ветувањето за чисто Скопје во рок од 72…

October 29, 2025
ПОЛИТИКА

(Видео) Филипче: Секое новороденче во следните 25 години ќе должи 6.000 евра

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, упати сериозни предупредувања за нетранспарентноста на Договорот за новото задолжување од 6 милијарди евра, кое…

May 22, 2025
ПОЛИТИКА

Радев вели дека Македонија самата се блокира на патот кон ЕУ

С Македонија самата се блокира на патот кон Европската Унија, зашто не е подготвена да ги исполни критериумите за членство,…

July 14, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ својот легитимитет го добива од граѓаните, никогаш нема да го нарушиме вашето достоинство

Како коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ имаме победа или мнозинство во 58 општини во Македонија. Идниот градоначалник на Град Скопје има…

October 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?