Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: АД ЕСМ: Ниту еден член од сегашното раководство на РЕК Битола не е приведен, ниту инволвиран во тековната постапка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > АД ЕСМ: Ниту еден член од сегашното раководство на РЕК Битола не е приведен, ниту инволвиран во тековната постапка
МАКЕДОНИЈА

АД ЕСМ: Ниту еден член од сегашното раководство на РЕК Битола не е приведен, ниту инволвиран во тековната постапка

Објавено October 9, 2025 15:52
Сподели
Сподели

Ниту еден член од тековното раководство на РЕК Битола не е приведен, ниту инволвиран во тековната постапка, велат од АД ЕСМ по информациите објавени во дел од медиумите за апсење поврзано со сопственикот на „Марковски Компани“, Борче Марковски.

Приведените лица, како што се наведува во соопштението од АД ЕСМ, се дел од поранешното раководство на РЕК Битола, а постапката што ја водат надлежните органи се однесува на дејствија и одлуки донесени во претходниот период, пред сегашното раководство да ја преземе функцијата.

-Го охрабруваме целосното расветлување на случајот и изразуваме поддршка за институциите во спроведување на законските процедури, со цел утврдување на фактичката состојба. Во интерес на точно информирање, апелираме до медиумите и јавноста да се прави јасна разлика помеѓу поранешното и сегашното раководство, и да не се изнесуваат дезинформации кои можат да ја нарушат довербата во работата на АД ЕСМ, се нагласува во соопштението.

Дел од медиумите денеска објавија дека е уапсен Борче Марковски, сопственик на „Марковски компани ДООЕЛ“ од Битола, компанија која стана позната по своите милионски договори со РЕК Битола, најголемиот енергетски капацитет во државата. Оваа компанија беше посочувана за една од најблиските на минатата влада.

Неофицијално, како што пишуваат дел од медиумите, Финансиската полиција го сомничи Марковски за местење тендер од околу 100 милиони денари или 1,6 милиони евра од државниот буџет.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Шест сообраќајни ленти, од кои две за автобуси: Ѓорѓиевски со јасен план за намалување на метежот во центарот на Скопје
Следна Статија Бранко Тричковски јавно му посака смрт на премиерот Христијан Мицкоски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Драстичен пад на бројот на основци во Македонија

Македонското образование се соочува со сериозни промени во бројноста на учениците. Најновите податоци за почетокот на учебната 2025/2026 година откриваат…

April 7, 2026
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова: Безбедносната состојба е стабилна и под контрола

Безбедносната состојба е стабилна и под контрола, изјави претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова по состанокот на Советот за безбедност во…

August 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Одложено рочиштето за злоупотреба на спортски ваучери

Основниот кривичен суд – Скопје го одложи денешното судско рочиште за предметот што се однесува на злоупотребата на државните спортски…

November 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Фирмите на синот на Васко Ковачевски работеле турбо откако таткото си дал оставка во ЕСМ

Фирмите на Никола Ковачевски, синот на екс-директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски, кој во моментов се бара од органите на прогонот…

December 11, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?