Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Муцунски: Срамно е што земја членка на ЕУ се обидува да го редефинира македонскиот идентитет
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Муцунски: Срамно е што земја членка на ЕУ се обидува да го редефинира македонскиот идентитет
МАКЕДОНИЈА

Муцунски: Срамно е што земја членка на ЕУ се обидува да го редефинира македонскиот идентитет

Објавено July 2, 2025 14:04
Сподели
Сподели

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, остро реагираше на, како што рече, активната пропаганда во Европскиот парламент поддржана од официјална Софија за „модернизација“ на македонскиот национален идентитет.

– Срамно е што земја членка на ЕУ се обидува да го редефинира нашиот идентитет. Ние имаме право да го почитуваме, чуваме и надградуваме нашиот национален идентитет. Жалиме што земји членки на Унијата имаат антиевропски позиции – изјави Муцунски.

Тој потенцира дека земјава останува посветена на реформите и европскиот пат, но без компромиси кога станува збор за идентитетските прашања.

– Нашиот напредок сѐ почесто не се мери според објективни критериуми, туку е предмет на билатерални условувања кои немаат врска со европските вредности. Апсолутно нема да прифатиме ништо што задира во нашиот идентитет – нагласи Муцунски, одговарајќи на новинарски прашања по бизнис форумот Македонија – Италија во Скопје.

Тој додаде дека државата нема европратеници кои директно може да се борат за интересите на земјата, што ја прави работата потешка, за разлика од соседна Бугарија.

Во однос на претстојниот извештај за напредокот, Муцунски очекува дека ќе преовлада свеста за значењето на процесот и ќе се препознае дека надворешната политика се води исклучиво низ призмата на националниот интерес.

Говорејќи за Самитот на лидерите на Западен Балкан и ЕУ, што се одржа вчера во Скопје, тој оцени дека е еден од најуспешните досега, со јасен фокус на спроведувањето на Планот за раст и продлабочување на регионалната соработка.

– Работиме на конкретни иницијативи што ќе го подобрат квалитетот на животот и економијата, но истовремено цврсто стоиме на нашите национални позиции и никогаш нема да дозволиме компромис за идентитетот – заклучи Муцунски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски е задоволен од растот на индустриското производство
Следна Статија Мицкоски за постигнатиот напредок за железничкиот Коридор 8: Така треба да се гради доверба, заеднички да се реализираат проекти

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Дали ветото од Бугарија е дел од тие критериуми? Кос вели дека во ЕУ ќе влезат само тие земји што ќе ги исполнат копенхашките критериуми

Копенхашките критериуми во минатото овозможија многу успешно проширување на ЕУ и процесот на прием на нови членки треба да продолжи…

September 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на средба со Биковиќ: Иницијатива за инвестиција во Берово

Премиерот Христијан Мицкоски оствари средба со познатиот актер Милош Биковиќ. Тој по потекло е од убавиот македонски град Берово. -Разговаравме…

September 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

ДОНАЦИЈА ОД ЕУ од 18 возила за Инспекторатот за транспорт

Осумнаесет возила од кои две специјално опремени за следење доби Инспекторатот за транспорт од Европската унија. Донацијата, што денеска лично…

July 14, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски го посети Кочани и се потпиша во Книгата на жалост

Денес, премиерот Христијан Мицкоски го посети Кочани и се потпиша во Книгата на жалост во чест на жртвите од трагичниот…

March 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?