Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Ќе се повлечеме од набавката на нов владин авион и ќе се молиме да останеме живи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Ќе се повлечеме од набавката на нов владин авион и ќе се молиме да останеме живи
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ќе се повлечеме од набавката на нов владин авион и ќе се молиме да останеме живи

Објавено February 18, 2026 15:45
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека Владата ќе се повлече од намерата да купи нов воздухоплов и дека тоа прашање, кое го смета за беспредметно, ќе го остави за некоја идна влада. Тој го критикуваше политизирањето на ова прашање, велејќи дека освен за потребите на Владата, авионот би се користел и за хуманитарни цели.

Ова доаѓа по острите реакции во јавноста за патувањето на државни функционери со владиниот авион и по тврдиот став на Владата дека не може да изма зголемување на минималната плата. И во исто време се пропагираа најавите дека е потребно да се купи нов државен авион.

Мицкоски даде дури и фаталистички можни ситуции.

Ние ќе се повлечеме од таа набавка и ќе се молиме да останеме живи. Доколку се урнеме некаде и доколку починеме, тогаш претпоставувам дека ќе им стане јасно на сите дека оваа дебата за некоја идна влада и за некои идни премиери е одвишок и дека е беспредметна“, изјави Мицкоски, одговарајќи на прашање на новинарите за користењето на владиниот авион и за најавената набавка на нов воздухолов, рече Мицкоски.

Тој за наметнување во јавноста на оваа тема ја обвини опозицијата.

„Гледам дека од опозицијата се создава оваа тема иако на една од лидерските средби, формални и неформални, што сум ги имал со претседателот на СДСМ, тој беше многу јасен и рече дека за ова не треба да се критикува Владата и дека тие нема да ја критикуваат Владата бидејќи утре ќе биде друга влада, а воздухопловот ќе се користи и за хуманитарни причини“, рече Мицкоски.

Актуелниот авион „лирџет“ само два пати се користел за хуманитарни цели од летото 2024 до крајот на 2025: еднаш за превоз на повредни од пожарот во Кочани, а втор пат за префрлање на македонски граѓани од Израел за време на војната во Газа.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Инвеститорот предвидува значаен пресврт за акциите на Nvidia
Следна Статија Шкендија утре игра за историја

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Приватните превозници од понеделник се вклучуваат во сообраќај, но не со целиот капацитет

Од понеделник во јавниот градски превоз се вклучуваат и приватните превозници, но не со целиот капацитет. Нивни претставници денеска изјавија…

November 23, 2024
МАКЕДОНИЈА

Сопругата на Панчо со емотивна порака: „Не се договоривме вака, љубов моја…“

Со емотивна порака на социјалните мрежи од Владимир Блажев – Панчо од ДНК, се прости и неговата сопруга Маја. -Не…

October 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Синот на пратеничката Коџаџику од ВЛЕН стана советник на директорот на М-НАВ

И синот на пратеничката Мерита Колчи-Коџаџику од ВЛЕН, Премтим Коџаџику, се вработи во Македонска навигација (М-НАВ) на советничко место на…

August 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Коњановски: Противпожарната зграда во Битола во финална фаза

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, објави дека изградбата на новата противпожарна зграда во градот влегува во својата финална фаза, што…

November 8, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?