Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонија се разбуди под бела, снежна покривка: Денеска студено и снежно, особено во западните делови од земјава
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Македонија се разбуди под бела, снежна покривка: Денеска студено и снежно, особено во западните делови од земјава
МАКЕДОНИЈА

Македонија се разбуди под бела, снежна покривка: Денеска студено и снежно, особено во западните делови од земјава

Објавено January 12, 2025 09:21
Сподели
Сподели

Времето денеска ќе биде облачно и студено, насекаде со врнежи од снег. Наместа, особено во западните делови од земјата, тие ќе бидат обилни, локално над 40 литри на квадратен метар. На повеќе места ќе се формира снежна покривка, а на планините значително ќе се зголеми, локално и над 50 сантиметри.

Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека позначителна снежна покривка (над 20 сантиметри) ќе се формира и во југозападните делови. Поради ниските температури и засилениот северен ветер, ќе има појава на голомразица и снежни наноси.

Минималната температура е во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од -3 до 4 степени Целиусови. 

Во Скопје облачно и студено со врнежи од снег, повремено пообилни. Снежната покривка ќе се зголемува. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура се спушти до -1, а максималната ќе достигне 0 степени Целзиусови.

Според прогнозата на УХМР, во наредните денови ќе преовладува променливо облачно и студено време со слаб до умерен северен ветер.

Повремени врнежи од снег ќе има и во понеделник, а потоа во следните денови ќе има услови за провејување на слаб снег. Утринските температури насекаде ќе бидат негативни, а и дневните наместа ќе се задржат под нула.  

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Во Бања Лука убиен е Дејан Костиќ – Дела, водач на навивачката група „лешинари“
Следна Статија Седумнаесет години од хеликоптерската несреќа кај Катлановско Блаце

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Лидерите едногласни за укинување на Техничката влада

Сите лидери на политичките партии се едногласни за укинување на Техничката влада и за законот за „Сејф сити“, изјави денеска…

January 14, 2026
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Обвинителството да го истражи и тендерот за набавка на униформи и сите тендери за кои постојат сомнежи за незаконитост

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска ги повика Јавното обвинителство и останатите институции да го истражат не само тендерот…

May 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Меланија не нарекла „Македонија“, грчката амбасада ја корегирала

Грчката амбасада во Вашингтон презела формални мерки по говорот на Меланија Трамп во кој таа ја нарече Република Северна Македонија…

March 26, 2026
МАКЕДОНИЈА

Се затвора култната сендвичара „Седмица“ кај Грчката амбасада

Седмица кај Грчката амбасада, првиот дуќан на една од најпрепознатливите скопски сендвичарници, се затвора по речиси четири децении работа, но…

May 1, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?