Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Покровител на годинешниот коњички „Илинденски марш 1978“ е премиерот Мицкоски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Покровител на годинешниот коњички „Илинденски марш 1978“ е премиерот Мицкоски
МАКЕДОНИЈА

Покровител на годинешниот коњички „Илинденски марш 1978“ е премиерот Мицкоски

Објавено July 9, 2025 19:39
Сподели
Сподели

На конкурсот за учество на традиционалниот коњички марш што го организира Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978“ по 47. пат по повод најголемиот македонски национален празник – Илинден, годинава се пријавија околу педесетина коњаници, посочуваат од организацијата на традиционалниот коњички марш.

-Коњичкиот марш традиционално стартува од паркот „Јане Сандански“ во Општина Аеродром кога на коњаниците им се предава општинското знаме, а крајната дестинација е Крушево, каде што треба да стигнат на 2 август. Коњаниците придружувани од фаланга и игроорци од КУД „Никола Јонков Вапцаров“, со звуците на зурлите и тапаните се упатуваат кон црквата „Свети Петар и Павле“ во Горно Лисиче, минувајќи низ главните булевари на општината.

Пред испраќањето на илинденците, секоја година се одржува свечена литургија, по што традиционално се организира и богата музичка програма со настап на познати македонски естрадни уметници.

Покровител на коњичкиот марш е претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, а Општина Аеродром финансиски ќе го поддржи настанот како една од најголемите и најзначајните манифестации во Аеродром, со цел да продолжи негата традицијата и македонската култура.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Минималните температури од утре ќе се спуштат до 7 степени: Ни доаѓа големо разладување
Следна Статија Мицкоски: Склучивме Меморандум со Казанџи груп за градба на гасни централи во вредност од една милијарда евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Градоначалникот на Струга Ќура ќе го продава службеното возило на Мерко, а најави откази на сите што не одат на работа

Новиот градоначалник на општина Струга, Менди Ќура, денеска официјално ја презеде функцијата од Рамиз Мерко, по што најави серија одлуки…

November 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ФОТО) Мисајловски: Воените хеликоптери М-8 кои беа на ремонт во Чешка пристигнаа во Македонија

Денес во касарната ,,Страшо Пинџур” во Петровец, пристигнаа двата воени хеликоптери М-8, кои беа целосно ремонтирани од Чешкиот ремонтен завод,…

November 2, 2024
МАКЕДОНИЈА

Кошта: ЕУ останува посветена на македонскиот европски пат

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта денеска упати честитки по повод Денот на македонската независност. По повод националниот ден на…

September 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ѓорѓиев: Средбата на Комисијата за историски прашања во конструктивна атмосфера, следната до крајот на годината во Софија

Средбата на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, што денеска и вчера се одржа во Скопје, поминала…

October 25, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?