Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ИРЛ: Криминална банда подигала брзи кредити на име на изнемоштени, сиромашни граѓани со фалсификат лични карти
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > ИРЛ: Криминална банда подигала брзи кредити на име на изнемоштени, сиромашни граѓани со фалсификат лични карти
МАКЕДОНИЈА

ИРЛ: Криминална банда подигала брзи кредити на име на изнемоштени, сиромашни граѓани со фалсификат лични карти

Објавено December 23, 2024 11:30
Сподели
Сподели

Криминална група од Македонија изработувала фалсификувани лични карти, во кои биле злоупотребувани личните податоци на македонски граѓани и биле „лепени“ фотографии од луѓе од Бугарија и Србија, после што на нивно име земале брзи кредити, открива најновиот документарец на „Истражувачка репортерска лабораторија (ИРЛ)“ со наслов „Украдени животи“. Групата со истите такви фалсификувани лични карти, отворала и банкарски сметки на име на граѓаните и тоа во помали банки. Една од жртвите на криминалната шема која е разоткриена во овој документарец, во еден момент имала 7 кредити на свое име, иако никогаш не подигнала ниту еден и сметката ѝ била блокирана од извршител со запирање на една третина од платата.

Во документарниот филм се открива дека постоеле фиктивни фирми во кои биле вработувани па експресно одјавувани ранливи категории граѓани (лица со телесна и психичка попреченост, лица што не живеат во Македонија) – кои што сите имале нешто заедничко, а тоа е дека на нивно име биле подигани брзи кредити од финансиските друштва во Македонија и тие фигурирале како должници, иако како што се гледа од посетата во нивните домови, некои од нив не биле способни ниту да се прехранат.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Џеј Ло за развод од Бен Афлек: Ништо не е случајно, се се случува со причина
Следна Статија Трамп: Очекувам разговор со Путин за да се реши конфликтот во Украина

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Стојаноски: Владата има јасна стратегија и план за справување со загадувањето, а тоа се когенеративните централи

Во емисијата „За или против“ на телевизија Алфа, вечерва гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски кој меѓу другото…

November 12, 2024
МАКЕДОНИЈА

Обновена билатералната соработка меѓу уставните судови на Македонија и Србија по 15 години

Делегација на Уставниот суд на Република Северна Македонија, предводена од претседателот д-р Дарко Костадиновски, судиите Добрила Кацарска, д-р Осман Кадриу,…

July 10, 2026
МАКЕДОНИЈА

Maкедонската претседателка на иста маса со Макрон и Мелони

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Ереван учествувала на панел-дискусијата организирана од страна на францускиот претседател Емануел Макрон и италијанската премиерка…

May 4, 2026
МАКЕДОНИЈА

Жена психолог избркана од работа во струшката болница кога кажала дека е трудна – го загубила бебето од стре

Психолог од ЈЗУ Општа болница Струга, магистерка по специјална едукација и рехабилитација од областа на оштетување на слухот и психотерапевтка…

November 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?