Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Maкедонската претседателка на иста маса со Макрон и Мелони
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Maкедонската претседателка на иста маса со Макрон и Мелони
МАКЕДОНИЈА

Maкедонската претседателка на иста маса со Макрон и Мелони

Објавено May 4, 2026 17:51
Сподели
Сподели

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Ереван учествувала на панел-дискусијата организирана од страна на францускиот претседател Емануел Макрон и италијанската премиерка Џорџа Мелони, во рамките на активностите на Европската коалиција против дрогата (ECAD).

Како што соопшти Кабинетот на претседателката, во своето обраќање таа посочила дека Западен Балкан претставува транзитна зона за трговијата со дрога, нагласувајќи ја сериозноста на овој предизвик и опасноста од влијание на таканаречените „трети актери“.

Таа посочила дека не смее да се потцени растечката улога на нарко структурите во економијата, политиката и општеството. Предупреди дека криминалните мрежи стекнуваат моќ да влијаат врз партиските и политичките процеси и институции.

-Неопходно е Европската Унија да ја преиспита својата политика на проширување низ призма на Западен Балкан, имајќи ја предвид безбедносната димензија, истакнала Сиљановска-Давкова.

Претседателката потенцирала дека интегрирањето на Западен Балкан во ЕУ може да биде добар пример на превентивна, наместо реактивна европска политика. Според неа, опасно е тоа што во трговијата со дрога се именува како „modus operandi“ да прерасне во „modus vivendi“.

Сиљановска Давкова, како што додаваат од Кабинетот на претседателката, на крајот потсетила дека европската политичка и безбедносна архитектура е неразделна од балканската.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Цената на нафтата урива рекорди
Следна Статија Раул со четворица „Македонци“ ќе брка пласман на СП

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Повеќе полиција отколку македонски Бугари: Само десетина луѓе се собраа во чест на Мара Бунева

Повеќе полиција отколку почитувачи на ликот и делото на Мара Бунева. Само десетина македонски граѓани со бугарска самосвест денеска учестуваа…

January 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Фондацијата „Илија Камчев“ донира 300.000 евра за уредување на кејот во Марена

Планирано е целосно уредување на речното корито во селото Марена, при што семејството на бизнисменот Орце Камчев ќе донира околу…

March 17, 2026
МАКЕДОНИЈА

Состанок на Северноатлантски совет на НАТО – Мисајловски ја потврди македонската позиција за инвестирање во одбраната

Во седиштето на НАТО во Брисел, министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска присуствуваше и се обрати на состанокот на Северноатлантскиот…

February 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Виктор Стојанов е лицето осомничено за ширење говор на омраза кон македонската држава

Бугарскиот државјанин Виктор Стојанов, претседател на фондацијата „Македонија“, е опфатен со кривична пријава за ширење расистички и ксенофобичен материјал по…

March 4, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?