Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Повеќе државни институции сместени во МРТВ две недели без вода, за да мијат раце и физиолошки потреби вработените трчаат до најблискиот мол
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Повеќе државни институции сместени во МРТВ две недели без вода, за да мијат раце и физиолошки потреби вработените трчаат до најблискиот мол
МАКЕДОНИЈА

Повеќе државни институции сместени во МРТВ две недели без вода, за да мијат раце и физиолошки потреби вработените трчаат до најблискиот мол

Објавено July 16, 2025 10:30
Сподели
Сподели

Ни капка вода не тече од втори до 19 кат во зградата на МРТВ. Стотици вработени во повеќе државни институции две недели работат во субстандардни услови и во ризик од појава на заразни болести пренесува Сител.

– Вработени од Бирото за проценка кои се на 19 кат и оние од инспекторатот за земјоделство на 13 кат, во 21 век доколку сакаат да остварат основни хигиенски потреби треба да се симнат на први каде доколку имаат среќа ќе измијат раце. Во спротивно треба да трчаат до најблискиот мол или угостителски објект.

Без вода на овие пеколни горештини неколку институции го скратија работното време. До 13 часот работат во Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.

– Зошто толку рано си заминувате од работа? – Зошто немаме осдновни услови за работа, две недели немаме вода и мораме порано дома заради физиолошки потреби, вели вработена во Агенција за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.

Нејзината директорка се одлучила на овој чекор за да ги заштити вработените кои неможат ни раце да измијат иако ќе им трпи работата која е со определени рокови.

– Работиме во институција каде има дваесетина инситутции каде секојдневно доаѓаат сотитици странски. Се возиме во лифтови каде се возат стотици лица и нема каде да измиеме раце, вели Пламенка Бојчева, директор на Агенција за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.

Од Службата за општи и заеднички работи при Владата велат дека веднаш по пријавување на проблемот, фирма што е задолжена за овој објект ја проверила целокупната опрема.

– Утврдено е дека пумпите се во функција по нивна изјава, но нема доволен притисок на вода. Не доаѓа вода која би можела да стигне до сите катови. Вода има само на први и втори кат која доаѓа по природен притисок. Еднаш е мерено од наши екипи и е 1,9 бари, што е недоволно да се качи до 3 кат а потоа од пумпите нагоре, вели Дејан Дамјановски, од СОЗР.

Извор: Сител

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп: Обвинителката треба да објави сè што смета за веродостојно за Епштајн
Следна Статија Народна банка: Се намалуваат надоместоците за извршување на плаќањата во земјата и во СЕПА

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Судскиот совет ќе објави оглас за избор на судија на Уставниот суд согласно новиот Закон

Судскиот совет на продолжението на 534. седница денеска едногласно со осум гласа донесе одлука да објави оглас за избор на…

January 13, 2026
МАКЕДОНИЈА

Сите освен Панчевски ги исполнуваат условите да бидат нов Јавен обвинител

Советот на јавните обвинители денеска даде позитивно мислење за четворица од петте кандидати за државен јавен обвинител. Позитивно мислење добија…

February 17, 2026
МАКЕДОНИЈА

Наскоро и странските таблички ќе добиваат казни од „Безбеден град“

Системот „Безбеден град“ наскоро ќе започне автоматски да ги евидентира и да ги испраќа казните за сообраќајни прекршоци и до…

July 2, 2026
МАКЕДОНИЈА

Детали за посетата на Мицкоски на САД: Премиерот по инаугурацијата на Трамп ќе има средби со клучни фигури од новата администрација

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски на 20 јануари во Вашингтон ќе присуствува на инаугурацијата на новиот американски претседател Доналд Трамп.…

January 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?