Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Повлечено обвинението против Цветан Панделески во „Империја“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Повлечено обвинението против Цветан Панделески во „Империја“
МАКЕДОНИЈА

Повлечено обвинението против Цветан Панделески во „Империја“

Објавено February 5, 2026 11:48
Сподели
Сподели

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, во декември 2025 година го повлекло обвинението против бизнисменот Цветан Панделески во предметот „Империја“, дознава БИРН. Информацијата ја потврди Кривичниот суд во Скопје.

Обвинението го повлекол обвинителот Фатон Азизи. Тој во доказната постапка оценил дека нема докази дека Панделески перел пари и измамил 150 акционери на „Бетон Штип“, меѓу кои и Кираца Трајковска, која беше поголем акционер.

Според обвинението, парите стекнати со измама биле префрлани преку заеми за да се прикрие нивното потекло. Еден од сведоците на правдата, кој бил сопственик и управител на фирмата што се офајдила, ги пренел парите на три фирми и еден човек. Својот удел во фирмата го префрлил на трите фирми. На крајот, парите биле исплатени како дивиденда, а фирмата била префрлена на офшор-компанија од Белизе, а потоа ликвидирана.

„Империја“ е еден од најголемите случаи на поранешното специјално јавно обвинителство (СЈО), што, освен за Панделески, се водеше и против штипскиот бизнисмен Зоранчо Митровски и брокерот Јованче Тасковски.

Митровски призна вина и доби условна казна. Тој и фирмата опфатена со обвинението, во буџетот требаше да вратат милион и пол евра. Но, по измените на Кривичниот законик од 2023 година, и одлуката на Апелациониот суд во Скопје за укинување на првостепената пресуда, обвинителството го повлече обвинението за Митровски и во еден дел за Панделески.

И покрај законските измени, предметот се судеше за останатите кривични дела измама и перење пари за Панделески и Тасковски.

Обвинителот Азизи, кој го наследи предметот во текот на доказната постапка, утврдил дека не може да опстои ниедно од двете дела за Панделески.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија До Советот сѐ уште не стигнале пријавите од кандидатите за државен јавен обвинител
Следна Статија Последен повик за Bahama Breeze: Единствениот ресторан во Вашингтон се затвора

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Тројца отповикани и двајца со истечен мандат остануваат како в.д. амбасадори

Тројца од осумте амбасадори кои беа повлечени поради автентичното толкување на Законот за надворешни работи според кое тие без целосно…

May 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

„Алкалоид“ четири години ќе ги стипендира студиите на херојот од Виница, Јован

Компанијата „Алкалоид“ му додели стипендија на Јован Костадинов во износ од 18.000 денари месечно во текот на следните 4 години.…

March 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Филипче: Свесен сум дека граѓаните се против Бугари во Устав, но тоа од нас го бара ЕУ

Ја разбирам пораката од граѓаните кои и на изборите покажаа дека се против францускиот предлог но тоа е барање кое…

September 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Се сомневаме на саботажа во РЕК, МВР го испитува случајот, вели Мицкоски

Постои основано сомнение дека е можно во раните утрински часови пред два дена да се случила саботажа во РЕК Битола.…

June 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?