Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Да одиш против светот води кон самоизолација: се огласи кинескиот претседател по потегот на Трамп за царините
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Да одиш против светот води кон самоизолација: се огласи кинескиот претседател по потегот на Трамп за царините
СВЕТ

Да одиш против светот води кон самоизолација: се огласи кинескиот претседател по потегот на Трамп за царините

Објавено April 11, 2025 14:37
Сподели
Сподели

Нема победници во царинските војни, изјави кинескиот претседател Шји Џјинпинг за време на средбата со шпанскиот премиер Педро Санчез во Пекинг.

Да одиш против светот води до самоизолација“, рече кинескиот претседател.

„Развојот на Кина во изминатите седум децении е резултат на самодовербата и напорната работа, а не на наклонетоста на другите. Кина нема да отстапи под никаков неправеден притисок“, изјави портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг, на платформата Х.

Беше нагласено дека Кина ќе остане самоуверена, сталожена и концентрирана на доброто управување со своите работи „без разлика како се менува надворешното опкружување“.

Кина и ЕУ треба да ги зајакнат своите меѓународни одговорности, заеднички да ги заштитат економската глобализација и меѓународната трговска средина и заеднички да отфрлаат унилатерални и малтретирачки акции. Кина и ЕУ треба да ги бранат не само своите легитимни права и интереси туку и меѓународната правичност и правда и меѓународните правила и поредок“, изјави Мао на X.

Тензиите меѓу Кина и САД ескалираа кога американскиот претседател Доналд Трамп во средата ги зголеми царините за Пекинг од 84 на 125 отсто. Оваа стапка се надоврзува на царината од 20 проценти што тој претходно ја воведе, со што вкупната стапка за Кина достигна 145 проценти.

Кина во четвртокот исто така воведе царини од 84 отсто како одговор. И денеска најави ново зголемување, на 125 отсто, од сабота.

Сепак, Трамп во четвртокот рече дека би сакал да постигне договор со Кина.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Седум пациенти се враќаат во Македонија: По пожарот во Кочани 48 лица се лекуваат во странство, седум во земјава
Следна Статија Без алкохол, цигари, летување во странство бидејќи се луксуз – новата потрошувачка кошничка ќе биде презентирана следната недела

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Иран криел фабрика за оружје длабоко под планина, израелски специјалци ја разнесоа (ВИДЕО)

Израелската армија објави снимка од операција за која вели дека била една од најкомплексните во историјата на Израел. Во ноќта…

January 5, 2025
СВЕТ

Црвено светло за Украина од Мерц: Не може НАТО и ЕУ додека е во војна

Можноста Украина да влезе во Европската унија и НАТО може да се разгледа само по завршувањето на борбите, вели Фридрих…

April 13, 2025
СВЕТ

Трамп до светските компании: Произведувајте во САД или ќе се соочите со царини

Доналд Трамп порача до компаниите во светот дека ако не произведуваат во САД, ќе се соочат со царини во вредност…

January 24, 2025
СВЕТ

„Kрвавите раце“ на УСАИД дојдоа и во САД

Полицијата во Америка приведе 20 отпуштени вработени во УСАИД кои заедно со активисти одржаа протест пред зградата на Конгресот. Легнаа…

February 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?