Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Да, судија виновен сум: Васил Јованов призна вина за усмртувањето на Фросина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Да, судија виновен сум: Васил Јованов призна вина за усмртувањето на Фросина
ХРОНИКА

Да, судија виновен сум: Васил Јованов призна вина за усмртувањето на Фросина

Објавено May 9, 2025 12:37
Сподели
Сподели

Васил Јованов, осомничен за кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за сообраќајката од јануари годинава на Булеварот „Партизански одреди“ во Скопје во која животот го загуби Фросина Кулакова, денеска пред Основниот кривичен суд Скопје призна вина за делото.

Обвинетиот Васил Јованов, кој е редовен студент и беше спроведен од затворски притвор, пред Судот рече дека го разбира делото за кое е обвинет и призна вина.

– Најпрво сакам да изразам најдлабоко сочувство на целото семејство и да се извинам за тоа што сум го сторил. Никогаш не сум можел ниту да помислам за вакво нешто. За вината, да судија виновен сум, рече Јованов.

Во судница, присутни беа родителите и сестрата на трагично починатата Фросина, како и родителите на обвинетиот Васил.

Јавниот обвинител Александар Марковски, во воведниот говор рече дека во овој случај не станува збор за обична сообраќајка, не поради медиумската помпа, туку поради фактот на начинот на кој е сторена, во смисла на големиот број направени сообраќајни пропусти на сторителот и трагично загубениот живот на младата Фросина.

–  Овие околности доведоа обвинението да се сублимира во најтешкиот облик. За да се докаже, прибавени се четири вештачења, меѓу кои и особено податливо сообраќајно техничко, осум сведоци и други материјални докази, меѓу кои и известувања за други сообраќајни прекршоци, изјави Марковски.

Обвинителот, исто така, укажа на новонастаната ситуација по поднесување на обвинението, посочувајќи дека обвинетиот бил правосилно осуден, за што достави примерок од потврда од судот од 7 мај 2025 година.

-Обвинителството ќе се обиде да докаже дека обвинетиот нецела минута пред настанот сторил и други прекршоци како цик-цак возење, преминување преку две ленти, но истите не се релевантни од кривично правна смисла за настаната штета, но се релевантни со цел за докажување на умислата, рече обвинителот.

Обвинителот, најави дека потребно е прецизирање на втората страна од обвинението, во една одредба, наместо член 317, став 1, да стои член 225, став 1 од Закон за безбедност на сообраќајот, нагласувајќи дека ова е неопходно зошто духот на законот налага да се прави дистинкција кога има возачка ама не ја поседува, од ситуација кога воопшто нема возачка за Б категорија.

Адвокатот на оштетените Дарко Ал Блана, преднајави имотно правно оштетување и дека се приклучуваат во кривичното гонење.

Мајката на Фросина, Камелија Кулакова, рече дека не е само мајка што го изгубила своето дете, туку човек со откорната душа. – Денеска сум гласот на Фросина, бидејќи таа не може да зборува. Кажете ми кој збор од законот може да го опише ова и да ја опише болката што ја имам. Ова не е судење за сообраќајка, ова е судење за грабежна живот и иднина. Барам највисока казна не за одмазда, туку за правда, рече таа.

Бранителот на Васил Јованов, адвокат Сашко Дуковски, пред судот побара да се оттргне, како што рече, една голема невистини за сега обвинетиот Васил, дека е наркоман, нагласувајќи дека тој е спортист.

– Васил е спортист и за тоа доставувам потврда за членство во бокс клуб, освоени медали и благодарници. Доставувам и потврда од ракометната федерација дека Васил е лиценциран играч за РК Пролет 62 за сезона 2021-22 година, изјави Дуковски.

Дуковски, исто така, нагласи дека не го спорат присуството на алкохол во крвта, но дека во вештачењата нема никакво присуство на дрога. – Тоа судот може да го утврди во направените вештачења, рече Дуковски.

Судијката Снежана Марковска, на почетокот на денешното рочиште информираше дека поради неуредна покана шест сведоци не се присутни.

Според обвинението, на 29 јануари 2025 година, Васил Јованов, без возачка дозвола и под дејство на алкохол, управувал возило со брзина од 91 километар на час на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје. На пешачки премин, на црвено светло, удрил во Фросина Кулакова, која поминувала на зелено светло за пешаци. Од силата на ударот, Фросина се здобила со тешки телесни повреди и починала на лице место. За делото за кое се товари Јованов е предвидена затворска казна до 20 години. 

Во меѓувреме, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог и против таткото на Васил, Зоран Јованов, за кривично дело „предизвикување општа опасност“ од член 288 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Обвинението се однесува на периодот од 04.11.2022 до 30.01.2025 година, во кој Зоран Јованов дозволувал на својот син Васил Јованов да управува патничко моторно возило „Пежо 207“, иако знаел дека синот нема возачка дозвола и е повеќекратен сторител на сообраќајни деликти вклучително и сообраќајната несреќа во која животот го загуби 22-годишната Фросина Кулакова.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Бетис прв пат ќе игра европско финале, противник ќе му биде Челзи
Следна Статија Пијан удрил во „опел“, во рампа на автобуската станица, па во паркиран авомобил: уапсен велешанец

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

И тоа дочекавме: „Партизанска“ без 4 жмигавци и разигран пајак во Дебар Маало

Вчера во периодот од 17:00 до 20:00 часот од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје…

April 25, 2025
ХРОНИКА

(Видео) МВР го уапси осомничениот за палењето на автомобилот на обвинителот Бајрами

Денеска во 01.10 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, по претходно добиени оперативни информации и координација на СВР…

December 5, 2024
ХРОНИКА

64-годишен маж пронајден мртов во неговиот дом

Во СВР Скопје, Ј.С. пријавил дека во домот на подрачјето на Кисела Вода го пронашол починат неговиот татко Т.С.(64) од…

February 8, 2025
ХРОНИКА

Изгореа седум автомобили во Скопје

Три возила во Аеродром и 4 во Чаир изгореа во текот на последните два дена. На 12 октомври 2024 година,…

October 13, 2024
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?