Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Да ја истераме правдата заедно, порачаа родителите на загинатите во Кочани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Да ја истераме правдата заедно, порачаа родителите на загинатите во Кочани
МАКЕДОНИЈА

Да ја истераме правдата заедно, порачаа родителите на загинатите во Кочани

Објавено November 15, 2025 15:08
Сподели
Сподели

Со паролите „Моето дете беше убиено од систем кој не штити туку убива“, „Колку детски животи треба да згаснат за да се разбудите?“, и „Ние изгубивме, вие се уште имате за што да се борите„ неколку илјади граѓани го започнаа  „Маршот за ангелите“ точно во 12:05 часот на плоштадот „Македонија“, од каде учесниците се упатија кон Собранието, а завршницата ќе биде пред Основниот кривичен суд.

„Ни требаат луѓе кои што знаат да се сплотат со нас во оваа болка. Ако се сплотени со нас, имаат човечност. Со човечност не се раѓа, не се учи таа е наследна. Ве молам да истраеме. Ве молам за поддршка да ја истераме заедно правдата“ порачаа денес роднините на зафинатите во Кочани.

Со паролите „Моето дете беше убиено од систем кој не штити туку убива“, „Колку детски животи треба да згаснат за да се разбудите?“, и „Ние изгубивме, вие се уште имате за што да се борите„ неколку илјади граѓани го започнаа „Маршот за ангелите“ точно во 12:05 часот на плоштадот „Македонија“, од каде учесниците се упатија кон Собранието, а завршницата ќе биде пред Основниот кривичен суд.

Ова е прв марш во главниот град организиран од граѓанските иницијативи „Кој е следен!“ и „16 Март 2025“, по неколкунеделните саботни собири што ги организираа родителите во Кочани. Нивната порака и натаму силно одекнува: „Не сакаме милост, туку вистина и правда. Болката е наша, но борбата е за сите. Ни треба вашата поддршка“. Родителите се надеваат на масовно присуство, нагласувајќи дека нема да се откажат сè додека не се утврди целосна одговорност за трагедијата.

Во меѓувреме, Кривичниот суд, Обвинителството и Адвокатската комора најавија дека ќе преземат сите неопходни мерки за непречено и ефикасно спроведување на судењето за случајот „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а околу 200 беа повредени.

Првото рочиште е закажано за 19 ноември. Според обвинението, за тешки кривични дела против јавната безбедност се товарат 34 физички и 3 правни лица. Судењето ќе го води тим од околу 15 обвинители, соопшти државниот обвинител Љупчо Коцевски.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во САД извршена уште една смртна казна
Следна Статија Трамп ќе ги тужи Би-би-си: Ќе бара оштета од 5 милијарди долари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

УХМР: Студен бран со врнежи од дожд и снег

Под влијание на циклонска активност и студена воздушна маса од север времето утре ќе биде облачно и студено со врнежи…

December 22, 2024
МАКЕДОНИЈА

Учениците во Трубарево се враќаат на настава со физичко присуство

Околу 1800 ученици од четири основни училишта во Трубарево од денеска продолжуваат настава со физичко присуство, откако со одлука на…

September 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Американско-британската компанија Бурсток ќе инвестира во наменската воена индустрија во Македонија до 150 милиони долари

Денеска потпишавме меморандум за разбирање со Американско-британската компанија Бурсток којашто ќе инвестира во наменската воена индустрија во Македонија до 150…

October 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Радиоактивното зрачење на одлагалиштето во РЕК Битола не е многу поголемо од дозволените граници

Радиоактивното зрачење на одлагалиштето за пепел во РЕК Битола не е многу поголемо од дозволените граници, вели директорот на Дирекцијата…

May 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?