Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Двајца судии од македонско потекло во Судот за правда на Онтарио
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Двајца судии од македонско потекло во Судот за правда на Онтарио
МАКЕДОНИЈА

Двајца судии од македонско потекло во Судот за правда на Онтарио

Објавено August 11, 2025 18:11
Сподели
Сподели

“Обединетата македонска дијаспора (ОМД) со гордост го одбележува овој историски момент за македонско-канадската заедница, со назначувањето на судијата Луис (Лу) Стрезос во јули 2024 година и судијата Роберт Томовски во август 2025 година во Судот за правда на Онтарио.

Назначувањето на судијата Стрезос претставува првпат Канаѓанин од македонско потекло да стане дел од судството на Онтарио. Примен во Адвокатската комора на Онтарио во 1994 година, тој има изградено извонредна кариера во кривично и регулаторно право, право на домородните народи и академско пишување, а повеќе од две децении е коавтор на делото McWilliams’ Canadian Criminal Evidence. Како силен застапник за реформи во правната помош, од 2010 година е претседател на Комитетот за правна помош при Асоцијацијата на кривични адвокати. Главната судијка Шерон Никлас го распореди во Торонто.

Судијата Томовски, примен во Адвокатската комора на Онтарио во 2003 година, ја започнал кариерата во „Derstine Penman“, по што станал партнер во „Lockyer Campbell Posner“. Во 2014 година ја основал „Tomovski Law“, застапувајќи клиенти пред сите нивоа на судовите во Онтарио. Работел и како хонорарен заменик јавен обвинител, а активно се ангажира и во заедницата преку „Meals on Wheels“ и Панелот за искуства на пациенти при болницата „Michael Garron“. Главната судијка Никлас го распореди во Брамптон.

„Заедно, судиите Томовски и Стрезос се пример за целата македонско-канадска заедница, а особено во јавната служба,“ изјави Крис Палиер, основач на Македонската канадска адвокатска асоцијација (MCLA) и Член на Советодавниот одбор на ОМД и носител на орден O.Ont., LSM., LL.B., LL.M. „Нивните назначувања ги инспирираат младите Македонци во Канада да се стремат кон извонредност во правото, лидерството и граѓанската ангажираност.“

Двајцата судии се членови на Македонската канадска адвокатска асоцијација, која брои над седумдесет адвокати од македонско потекло во Канада. Нивните успеси ја отсликуваат сè поголемата улога и придонес на Македонците во правниот и општествениот живот на Канада.”

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Турските туристи биле најбројни во јуни
Следна Статија Астрологот тврди: Три знаци до крајот на годината ќе добијат лото

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

На Табановце за излез од државава се чека околу 30 минути

На граничниот премин Табановце за излез од државава се чека околу 30 минути, соопшти попладнево Авто мото сојузот на Македонија.…

August 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Манасиевски: Срамна одлука на судот, газдата на Марковски компани со стотици милиони местени тендери во РЕК наместо во затворски притвор, во куќен притвор

Срамна одлука на судот, газдата на Марковски компани со стотици милиони местени тендери во РЕК наместо во затворски притвор, доби…

October 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Скопје и утрово со редуциран јавен превоз

Јавниот превоз и утрово е редуциран поради недостиг на гориво за автобусите на ЈСП Скопје. Во Скопје од вчера попладне…

November 21, 2024
МАКЕДОНИЈА

Македонците се најголеми пушачи на цигари на Балканот и во топ 10 во светот: Посиромашните би избрале цигара наместо оброк

Македонците се убедливо најголеми потрошувачи на цигари во регионот и во топ 10 во светот. Дури 46% од возрасните се…

October 27, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?